Урбанизацијата го стави на колена Водно- белите дробови на скопјани. Уништени шуми, узупирана и со нови градби, парк шумата Водно наместо да биде заштитена- се уништува со години. Планината која е создадена да го штити градот Скопје од опасности-поплави и ерозија ја губи битката и со тоа и ние. Ова е патот кој води кон Сопиште и замислената, никогаш реализирана, елитна населба Сончев Град, која ја планираше претходната власт. Започна да се гради во 2013 година кога беше исечена многу шума но поради свлечилиштето кое се појави- до ден денес не е пуштен во употреба.
Гости во најновото издание на 25 минути се Каја Шукова, Државна секретарка во Министерството за животна средина, Иван Блинков, професор на Шумарскиот Факултет при УКИМ, Татјана Стојановска од здружението „Го Сакам Водно“, Ана Петровска, Директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Јернеј Шмајдек, новинар и истражувач од Љубљана, Словенија и Методија Саздов, независен еколог.