Вкупниот број на нови евидентирани жртви на семејно насилство во 2019 година изнесува 1154, а во 2020 година бројот се зголемил на 1531 жртва, односно за 337 нови случаи повеќе. Најзастапено е психичкото и физичкото насилство, а помалку е присутно економското и сексуалното насилство, велат од Министертвото за труд и социјална политика.
Гости во најновото издание на емисијата 25 минути беа Фросина Ивановска, психолог во Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Савка Тодоровска, претседателка на Националниот совет за родова рамноправност, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи и Зоран Стевановски, новинар кој работи и живее во Лондон, Англија.
Гледајте 25 минути секоја недела во 17:45 часот на ТВ 24.