Денеска, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков го потврди одржувањето на најавениот генерален штрајк и изјави дека наставниците кои штрајкуваат од утре ќе престојуваат во простории заедно со директорите на школите и градинките. Поради штрајкот, наставниците утре нема да извршуваат воспитно-образовни активности.
СОНК потврди дека од утре се очекува одложување на сите активности кои веќе биле закажани. Нема да се одржат наставнички совети, натпревари, родителски средби, како и полагање стручни испити. Претседателот на СОНК, Неделков, додаде дека поради штрајкот нема целосно да бидат затворени образовните институции, но истовремено, никој нема право да ги присилува вработените во образованите институции да одржуваат настава. Се очекува дека штрајкот ќе трае сè додека не се најде решение.
Од друга страна, од Министерството за образование и наука соопштија дека училиштата ќе продолжат со континуирана работа, и дека вработените во образовните институции се законски обврзани да креираат соодветни услови за продолжување на воспитно-образовниот процес, дури и за време на протест.
Одлуката за започнување со генерален штрајк на наставниците беше донесена на 29 март, по неуспешните преговори со Владата за усогласување на платите на наставниот кадат со минималната плата. СОНК изјави дека нема да отстапи од барањето платите во македонските образовни инстиуции да се усогласат со минималната плата, која од први април се зголеми на 18.000 денари.