Хари Стајлс ги предизвикува родовите норми преку стилот на облекување: женската облека е ‘неверојатна’

Пејачот на „Watermelon Sugar“ е првиот маж кој сам ја краси насловната страница на американскиот Вог во 127 години.

Соло кариерата на Хари Стајлс доби уште едно признание: соло насловна на американскиот Вог. Пејачот на „Watermelon Sugar “ ја краси насловната страница на декемврискиот број на списанието, облечен во јакна и фустан на Гучи на фотографиите објавени во петокот. Стајлс е првиот маж кој е сам на насловната страница во 127-годишната историја на списанието. Прекрасните фотографии на пејачот ги сликаше фотографот Тајлер Мичел, кој исто така влезе во историјата кога стана првиот црн фотограф на Вог кој фотографирал насловната страница во 2018 година. Фер е да се каже дека овие слики се можеби единствениот противотров за 2020 година.

TYLER MITCHELL/VOGUE

Во придружното интервју на списанието со Стајлс, Хамиш Боулс зборува со ѕвездата за One Direction („Го сакав моето време во бендот,“ вели пејачот), за неговите потфати како соло уметник и за личниот стил на Стајлс. „Никогаш не можете да бидете преотмено облечени. Не постои такво нешто, “ вели Стајлс, цитирајќи ги неговите музички инспирации – Принц, Дејвид Боуви, Елвис, Фреди Меркјури и Елтон Џон – како примери. „Облеката е таму за да се забавуваме, експериментираме и да си играме со неа. Она што е навистина возбудливо е што сите овие редови едноставно се распаѓаат“, вели Стајлс.

„Кога ќе го одземете моментот „Има облека за мажи и има облека за жени “, откако ќе ги отстраните сите препреки, очигледно ќе ја отворите арената во која можете да играте.“ „Понекогаш одам по продавници и само се приметувам како ја гледам облеката на жените мислејќи дека се неверојатни,“ продолжи тој. „Тоа е како се во животот- кога и да поставувате бариери во вашиот живот, вие само се ограничувате.“ Стајлс додава: „Има толку многу радост кога експериментирате со облека. Никогаш не сум размислувал премногу за тоа што тоа значи – истото станува само еден проширен дел на создавањето.“

TYLER MITCHELL/VOGUE

Оливија Вајлд, која е режисер на претстојниот филм на Стајлс „Не грижи се мила“, вели дека пејачот и актерот е „многу модерен“ и „го редефинира она што може да значи да се биде човек со самодоверба“.

„Се надевам дека самодовербата што Хари ја има како маж – без никакви траги на токсична мажественост – е показател за неговата генерација, а со тоа и за иднината на светот,“ вели Вајлд за Вог.

Алесандро Микеле, креативен директор на Гучи, изјави за списанието дека неговиот пријател Стајлс е „револуционер.“ „Тој навистина е во контакт со неговата женствена страна затоа што тоа е нешто природно,“ вели дизајнерот. „И тој е голема инспирација за помладата генерација – за тоа како можете да бидете во потполно слободно игралиште кога се чувствувате пријатно.“

Превод: Рушка Бабиќ 

defying gender rolesgender identitygender normsgender stereotypesharry styleshuffington postvogueвогМакедонски Новостимодародов идентитетхари стајлс