Нашата ХЕРО(ИНА) е Мергиме Ајдини (Mergime Ajdini), дипломирана инженерка и Магистер по менаџмент со одбранбено-безбедносни ресурси во областа на управувањето со кризи и заштита и спасување. Таа го напушта Дебар кој е опколен со езера и планина и заминува во главниот град на Македонија.
Нејзиниот прв предизвик е прилагодување на метропола, трошење на слободното време чекајќи превоз, па гужва на пат од дома до работа, но полека се навикнува и почнува да го организира времето и животот според новите правила. Од рана младост идол ѝ била Марија Кири Склодовска која е единствена жена помеѓу светски научници која ѝ дава храброст за да се чувствува рамноправна.
Дали би можеле да споделите некои од вашите искуства како жена која работи во Министерство? Дали сте се соочиле со некакви предизвици или дискриминација на работното место?
По професија сум Дипломирана инженерка по Електротехника, смер електроника. Во Министерството за одбрана полнам точно 30 години работен стаж, тогашниот новоформиран Сектор за информатика имаше потреба од професионален кадар и бевме примени група од неколку инженери. Заради избраната струка уште како студентка се научив да се справам со спротивниот пол, поточно да се чувствувам рамноправна со нив, можеби и тоа ми помага за полесно да се снаоѓам и прилагодувам во една институција каде доминира машкиот род.
Предизвици имаше многу, ние жените од техничките науки што бевме во мал број не само што требаше да вложиме поголем труд за да се докажеме како професионалци туку требаше да им правиме место и на другите жени што ќе доаѓаат после нас дека ние можеме, знаеме и умееме да работиме и менаџираме исто како и нашите колеги мажи. Јас имав и предизвик плус бев единствена Албанка во делот на ИТ(информатички технологии) исто единствена и во раководна структура. Во меѓувреме се запишав на постдипломски студии и ја добив титулата Магистер по менаџмент со одбранбено-безбедносни ресурси во областа на управувањето со кризи и заштита и спасување
Mинистерство има свои стратегии, политики и иницијативи за позитивното влијание на жените во заедниците. Која е вашата улога за придонес кон општеството?
Да, нашето министерство има стратегии, политики и иницијативи за позитивно влијаније на жените во заедниците. Штотуку е потпишан Меморандум за соработка помеѓу Министерството за одбрана и Националниот совет за родова рамноправност со порака „дека за одбраната и Армијата родовата рамноправност е врвен приоритет“. Имаме објавена упатства и листа на посредници во случај на вознемирување на работното место од Министерството и од Армијата каде и јас сум обучена и назначена како посредник.
Многу е мал бројот на жени во политиката па и на високи функции кај нас. Од ваша преспектива, дали се потребни повеќе жени на високи функции и колку влијае родовата разновидност до поефикасно спроведување на извршните работи?
На нас како општество ни требаат лица со интегритет незвисно дали се жени или мажи. Вистина е дека е мал бројот на жени на високи функции но сведоци сме со години наназад дека кога требаше да се гласа за закони за напредок на општеството нашите пратеници/чки гласа по директива на партијата и неколку пати сум била разочарана од нивната партиска послушност за теми кои директно ги засегаат жените. Тие наместо да покажат професионалнот и да ги бранат правата на граѓаните почнуваат остар дијалог меѓу себе и гласаат на штета на нашата иднина.
Во почетоците на 2000-тите години бев активна во невладиниот сектор во делот на родова рамноправност и еднаквост за сите граѓани. Нашата организација се викаше АКС и целта ни беше обука на жени за подигање на свеста и самодоверба за нивното место на сите нивоа во општеството.
Пред 2006 се покрена иницијатива од невладиниот сектор на изборните листи секој трет кандидат да биде од женски род и за тоа голема група од организациите на невладиниот сектор лобираа кај сите политички партии. Иницијативата се покажа успешна и од тогаш на изборните листи бројот на жени се покачи на 30%, и со тоа по автоматизам се зголеми и бројот на жени пратенички.
Кој е вашиот совет до жените кои сакаат да се занимаваат спроведување на законот или владините позиции, особено во улогите во кои традиционално доминираат мажи?
Прво и основно да сакаат да придонесуваат за доброто на општеството, колку и да е мал нивниот дел и да продолжат со добри дела заради нас самите и заради новите генерации.. Потребно е и да им правиме услови на младите да останат и да се залагат за напредокот на општеството. Не може да се каже дека само мажите или само жените се способни за владини позиции или за спроведување на законот битно е да се професионалци, праведни и да ги вршат чесно и одговорно нивните задачи.
Додека истражував за вас, увидов дека имате љубов кон книжевноста…
Љубовта кон природата и читањето не може да биде делено од љубовта кон посетување на светските места за кои веќе во твојот ум се создала некоја слика по описот на писателот. Кога ги посетуваш тие места се воодушевуваш со колосалните ремек делата што ги создале големите умови, уметници, архитекти, градители и самата мајката природа низ вековите во сите континенти.
Татко ми беше професор по биологија и исто така голем љубител на книги, таа негова пасија ја наследивме ние негови четири деца. Традицијата продолжува и нашите деца се лјубители на книгата. Во 2016 година мојата пријателка која еден период живееше во САД ми кажа дека таму на неформален начин функционираат клубовите на читатели и по нејзина иницијатива почнавме да се собираме и да дискутираме за веќе избраните книги. Првата дружба беше кај неа, Афердита, и првата книга што ја дискутиравме во тој период не можеше да биде друго туку тогашниот хит на годината „50 нијанси на сиво“ на Е.Л. Џејмс.
За да ги сензибилизираме и другите за читање состаноцитена почеток ги организиравме во некое катче во разни кафичи и успеавме во нашата намера, бројот на жени што ни се приклучија се зголеми. Неколку години по ред нашите месечни состаноци ги правиме во библиотеката на Штуловиот Универзитет во Скопје.
Групата се прошири и освен во Скопје сега има 16 клубови во неколку градови во Македонија и во дијаспората кои функционират самостојно но еднаш годишно во јули во Струга или друг град се собираме, се дружиме и читаме поезии или кратки есеи.
И како за крај, која авторка е ваша инспирација?
Јас сум љубител на класичните писатели, но освен сестрите Бронте, Маја Ангелоу, Силвиа Плат, Маргарет Атвуд посебен впечаток ми оставија делата на:
ELFRIEDE JELINEK – Австриска добитничка на Нобеловата награда
DORIS LESSING – Британска добитничка на Нобеловата награда
ANAIS NIN – Американско-француско потекло позната по нејзините дневници, есеистка, и писателка на раскази и еротика.
LEA YPI – Албанска писателка
На веб страната на Министерството за одбрана https://mod.gov.mk/ има слободен пристап на податоците во подпрозорецот за „Стоп Вознемирување“ и во подпрозорецот за „Родова еднаковст“, каде може да се најдат потребните податоци за вознемирување и за родова еднаковст и секоја година се објавуват извештаите за родова застапеност во МО.