Без Закон за родова еднаквост и Закон за матична евиденција не постојат еднакви човекови права за сите граѓани во државата. Само со носење и почитување на законски решенија од овој вид можеме да ставиме крај на омразата која поттикнува насилства. Сите заслужуваме достоинствен живот и еднаков третман од страна на државата, но и од страна на нашите сограѓани.
Гости во 25 минути се Лила Милиќ, активистка за правата на трансродовите лица, Санела Шкријељ, пратеничка (СДСМ) и Данијел Калезиќ од ЕРА, Асоцијација за еднакви права, Подгорица.