На вчерашниот референдум, Швајцарија го легализираше бракот помеѓу истополови партнери. Речиси две третини од гласачите на референдумот ја поддржаа истополовите брачна заедница.
Според резултатите обезбедени од швајцарската федерална канцеларија, 64,1 проценти од гласачите гласале за истополови бракови на националниот референдум во неделата.
„Ова е историски ден за Швајцарија, историски ден кога станува збор за еднаквост за двојките од ист пол, но исто така, ова е важен ден за целата ЛГБТИ заедница“, изјави Јан Мулер, претставник од изборната комисија.
Швајцарија е 30-та земја во светот што ги усвои истополовите бракови, и една од последните преостанати западноевропски нации што го стори тоа. Холандија беше прва во 2001 година.
Во текот на последните 20 години, повеќето земји во западна Европа ги признаа истополовите бракови. Меѓутоа, во Швајцарија одлуките кои ги засегаат уставно загарантиранит права се гласаат на национално ниво и тоа може да ги забави големите промени во социјалното законодавство.
Новиот закон, кој имаше поддршка од швајцарската влада и сите поголеми политички партии, освен Народната партија, беше усвоен од парламентот во декември.