22 април, меѓународен ден на планетата Земја

Одбележувањето на Меѓународниот ден на планетата Земја започна во 1970 година, со цел да се подигне јавната свест за состојбата на нашата планета. Во децениите пред првиот Меѓународен ден на планетата Земја, на глобално ниво се трошеа огромни количини на оловен гас поради масовната продукција на масивни и неефикасни автомобили.  Загадувањето на воздухот беше дел од секојдневието, а грижата за животната средина беше на незадоволително ниво. Едноставно, луѓето ширум светот немаа доволно информации за начините на кои загадената средина го загрозува нивното здравје.

1990: ДЕНОТ НА ЗЕМЈАТА ПОЧНУВА ДА СЕ ОДБЕЛЕЖУВА НА ГЛОБАЛНО НИВО 

Како што се приближуваше 1990 година, група активисти и лидери на организации за животната средина му пријдоа на Денис Хејс со цел да организира уште една голема кампања за планетата. Овој пат, Денот на планетата Земја стана глобален, мобилизирајќи 200 милиони луѓе во 141 земја, посочувајќи ги еколошките проблеми на светско ниво. Денот на Земјата во 1990 година ги поттикна државите ширум светот да започнат со рециклирање и придонесе во организирање на Самитот за планетата Земјата на Обединетите нации во Рио де Жанеиро во 1992 година. Во 1992 година, тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон, му додели на сенаторот Нелсон претседателски медал за слобода за неговата улога како основач на Денот на планетата Земја.

2000: НОВ МИЛЕНИУМ, НОВИ ПОЧЕТОЦИ 

Како што се приближуваше милениумот, Хејс се согласи да предводи друга кампања – овојпат се фокусираше на глобалното затоплување и настојувањето за произведување на чиста енергија. Со 5.000 еколошки групи во рекорден број на земји (184) ширум светот, Денот на Земјата во 2000 година беше обележан преку глобални и локални настани, користејќи ја моќта на Интернетот за организирање еко-активисти ширум светот. По 30 години од одбележувањето на првиот Ден на планетата Земја,  еко-активистите во 2000 година им испратија на светските лидери гласна и јасна порака: Граѓаните ширум светот сакаат брза и одлучна акција за глобалното затоплување и поголема стапка на инвестирање во чистата енергија.

2010: КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

Слично како и во 1970 година, Денот на планетата Земја во 2010 беше посветен на предизвиците со кои се соочуваше еколошката заедница, како и на нивната долготрајна борба против цинизмот на негирачите на климатските промени, добро финансираните нафтени лобисти, воздржаните политичари, незаинтересираната јавност и поделената еколошка заедница со колективна моќ на глобален активизам во животната средина. Низ децениите, организацијата Earth Day вклучи стотици милиони луѓе во движењето за заштита на животната средина, создавајќи можности за граѓански ангажман и волонтерство во 193 земји.

ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА ДЕНЕС 

Денес, Денот на планетата Земја е широко признаен како најголемото секуларно одбележување во светот, обележано од повеќе од милијарда луѓе секоја година како ден на акција за промена на човековото однесување и создавање на глобални, национални и локални промени во политиките на регионално, државно и меѓународно ниво. Денес, борбата за чиста животна средина продолжува со галопирачко темпо,  бидејќи штетите од климатските промени стануваат се поголеми и поопасни.

Како што расте свесноста за нашата климатска криза, така расте и мобилизацијата на граѓанското општество. Разочарани од малиот број на промени по усвојувањето на Парискиот договор во 2015 година и фрустрирани од меѓународната летаргија на животната средина, граѓаните ширум светот продолжуваат со еко-активизмот во текот на целата година. Општествените и културните средини што ги видовме во 1970 година повторно се зголемуваат денес – новите генерации на млади лица ширум светот едноставно одбиваат да се задоволат со флоскулите и ниското ниво на свест помеѓу политичарите на глобално ниво.

 

earth dayден на планетата земјаклиматски промениМакедонски Новости