22 катастрофи, 262 мртви, штета од 95 милијарди долари: САД забележа рекордна година за климатски катастрофи

Извештајот покажува дека САД биле погодени од екстремните временски услови и на источниот и на западниот брег во 2020 година

САД беа погодени од рекорден број на катастрофи предизвикани од временските услови и климата во 2020 година, огромните пожари го зафатаија западот, ураганите едноподруго го надлеаа истокот и екстремната топлина го зафати централниот дел на државата, покажа новиот извештај на Федералната влада.

Вкупно 22 големи катастрофи, секоја од нив предизвика најмалку штета од 1 милијарда долари, ги зафати САД минатата година, шест повеќе од претходниот рекорд, според Националната администрација за океани и атмосфера (Ноаа).

Најмалку 262 лица загинаа, со вкупно 95 милијарди долари евидентирана штета, објави федералната агенција во петокот.

Годината беше обележана со екстремни штети и на источниот и на западниот брег. Тоа беше најактивната година на пожари забележана на западниот брег на САД, во Калифорнија беа евидентирани пет од шесте најголеми пожари во нејзината историја, кои што уништија илјадници домови и предизвикаа небото да ја смени својата боја во апокалиптично портокалова над Сан Франциско.

Вкупно 10,3 милиони хектари изгореа во пожари во 2020 година низ западниот брег на САД, област поголема од Мериленд и далеку над просекот на овој век.

Источното крајбрежје и Мексиканскиот залив, се соочија со рекордни 12 тропски бури во текот на една година што ги натера метеоролозите ја употребат грчката азбука за да им дадат имиња на бурите, бидејќи огромниот број настани ја исцрпија планираната листа на имиња.

Седум од нив предизвикаа штета од над 1 милијарда долари, вклучувајќи ги ураганите Лора и Сали, кои го погодија јужниот дел на САД во брза сукцесија во август и септември. Луизијана беше погодена од три урагани и две тропски бури.

Голема суша и топлотен бран го разнебити западниот дел на САД минатата година, имаше три големи катастрофи поврзани со торнадо и многу деструктивно деречо, што е настан управуван од брзи грмотевици, што ги собори далноводите, оштети куќи и ги срамни со земја посеви во среднозападниот дел на САД .

Ноаа објави дека минатата година била петта најжешка забележана година низ САД, што следи подолгорочна шема на национално и глобално греење – сите пет најтопли години што се регистрирани во САД се случиле од 2012 година.

„Рекордниот број на временски непогоди влошени од климатските промени го придвижуваат фактот дека, како што сакам да кажам, влијанијата од климатските промени веќе не се суптилни,“ рече Мајкл Ман, климатски научник на Пен Стејт универзитетот.

Додека ураганите и пожарите секогаш ги погодуваа САД, научниците открија дека силата на бурите се зголемува со загревањето на атмосферата и океанот, додека областа оштетена од оган расте како што зголемувањето на температурите ги суши почвите и вегетацијата.

„Гледаме како работите се случуваат во реално време. Се надеваме дека ова е година кога конечно ќе видиме акција од страна на САД и остатокот од светот, која е неопходна за да се спречи влошувањето на работите.“

 

The Guardianелементарни непогодиклиматски промениМакедонски Новостиприродни катастрофиСАД