25 минути: Образование под товар на учебници полни со говор на омраза, дискриминација и стереотипи

Македонија има најдолго затворање на училиштата во регионот поради КОВИД-19. Почетокот на второто полугодие се пролонгираше, а ризиците со кои се соочуваат децата надвор од клупите се поголеми од оние во училниците.

Ограничените ресурси, контрадикторните учебници со спорни содржини како и немањето пристап за следење на наставата од далечина го уназадува деценискиот напредок на образованието.

Основците и средношколците по продолжениот зимски распуст се враќаат на настава во училишните клупи. Додека експертите се поделени околу тоа дали квалитетот на образованието е доведен во прашање поради пандемијата и онлајн наставата, замрзнатите реформи и спорните учебници полни со говор на омраза и дискриминација остануваат нерешен проблем.

Претходно, одложувањето на почетокот на второто полугодие беше жестоко критикувано и од канцеларијата на УНИЦЕФ. Тие потсетуваат дека Македонија веќе имала најдолго затворање на училиштата во регионот.

Гости во 25 минути се Виолета Симјановска, професорка на Академија Сибелиус, Финска, Ирена Цветковиќ, Коалиција „Маргини“, Илија Ацевски, универзитетски професор и социолог и Ана Глигорова од движењето „Поддршка за онлајн настава“.

Македонски НовостиОбразование