Службени возила во партиски цели – партијата за некои од функционерите е над државата и интересите на граѓаните, кои како даночни обврзници ги плаќаат злоупотребите на овие функционери.
Членот 2 од Одлуката на Владата за начинот на кој именуваните функционери ги користат службените возила пропишува дека службение возила не смее да се користат за одење до и враќање од работа или за други приватни потреби. Оваа одлука е донесена во 2021 година во рамките на Законот за Влада а во однос на Законот за спречување корупција и судир на интереси.
Но и покрај постоечката Одлука, владините функционери од редовите на ДУИ, Артан Груби, Бујар Османи и Насер Нуредини деновиве се најдоа опоменати од вицепремиерката за борба против корупција, Славица Грковска.
Гости во 25 минути се Нури Бајрами од Антикорупциска комисија, политичкиот аналитичар Александар Кржаловски од невладината организација МЦМС и Александар Ивановски, директор на Европската фискална конфедерација, Брисел.