Аерозагадувањето е еден од најголемите проблеми за кои ниту една власт не успеа да изнајде решение. Напредокот бара итни и долгорични решенија, а здравјето на граѓаните засега останува да биде во рацете на политичарите и нивните одлуки. Нивото на загаденост во одредени градови навестува дека граѓаните и оваа зима ќе се борат за чист воздух. Иако во Скопје воздухот се уште не е екстремно загаден според параметрите за квалитет на водухот, сепак портокаловите и црвените предупредувања во одредени градови имплицираат дека граѓаните и оваа зима ќе се справуваат со аерозагадувањето.
Додека експерите постојано обвинуваат дека властите не преземаат скоро ништо во однос на лошиот воздух, повеќе студии на оваа тема посочуват дека аерозагадувањето во земјава е меѓу највисоките во Европа, а токсичниот воздух е директен причинител за смртта на околу 1.300 граѓани на годишно ниво.
Гости во најновото издание на 25 минути се Каја Шукова, државен секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска од независната иницијатива „Зелен хуман град“, д-р Дејан Докиќ, пулмолог и Никола Ѓорѓиевски, архитект и истражувач на Универзитетот во Архус, Данска.