Францускиот предлог за преговорите со ЕУ доведе до жестоки протести кои ескалираа во насилства, при што беа повредени 47 полицајци.
Иако насилниците „тешко“ ја повредија идејата за собирите против францускиот предлог, она што дополнително се наметнува како нова дилема е дали постојат некакви гаранции за постоењето на македонскиот јазик во преговарачкиот процес, зошто толку се брза околу усвојувањето на документот, но и зошто протоколот, односно записникот на владините комисии кој се однесува на историските прашања и работа на историските комисии не е достапен за јавноста?
За дел од македонската јавност се неприфатливи неколку одредби од објавениот француски предлог, односно преговарачката рамка и уставните измени со кои Бугарите ќе внесат во Уставот. Ниту пратениците, ниту граѓаните не го виделе билатералниот договор со Бугарија кој е клучен документ кој може целосно да ги блокира преговорите со ЕУ доколку македонската страна не се согласува со одредени барања на Бугаарија. Необјавувањето на протоколот и генералното несогласување со францускиот предлог е причина зошто граѓаните со недоверба гледаат на целиот процес.
Гости во 25 минути се Нано Ружин, поранешен амбасадор во НАТО, Андреја Стојковски, извршниот директор на Институтот „Преспа“ и Драган Тилев, државен советник во Секретаријат за европски прашања.