Системските пропусти низ годиниве резултираа со големи трагедии, изгубени животи и катастрофални последици кои оставија длабога трага врз граѓаните, но и државните институции. Некои од нив се охридската бродска несреќа, автобуската несреќа крај Ласкарци, пожарот тетовската модуларна болница и последната автобуска трагедија во Бугарија во која загинаа 45 лица. Највајжните и најтешките прашања се дали ќе бидат лоцирани виновниците и дали некој воопшто ќе одговара за несреќата?
“Вината може да се гледа и во граѓаните кои требале да ја проверат лиценцата на автобусот. Одговорност имаат и граѓаните како што имаат и институциите”, за 25 минути изјави Владимир Пивоваров, националниот координатор за гранично управување.
Гости во 25 минути беа Никола Дујовски, професор на Факултетот за безбедност, Руфат Хусеини, директор на Инспекторатот за транспорт, Владимир Пивоваров, национален координатор за гранично управување и новинарот Стојан Чолов од Софија, Бугарија.