Од вкупно 220 возила со кои располагаат 30 противпожарни единици во државата, 154 се произведени во минатиот век. Нивната просечна старост е 27 години. Најстарото со кое гасиме пожари е произведено далечната 1966 година. За споредба, министерствата и општините располагаат со околу 2.600 возилачија просечна старост е 12 години. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вели, негрижата е децениска.
Гости во 25 минути се Беким Максути – Дирекција за заштита и спасување, Стојанче Ангелов – Центар за управување со кризи, и Бранко Сојер од Операции за спасување, Љубљана, Словенија.