48 народни кујни во земјава, додека храна се фрла поради лоши законски одредби

Економската криза станува сè позагрижувчка. Инфлација, шокантен скок на цени, јазот меѓу богатите и сиромашните се зголемува, станува невозможно да се живее.

Даноците иако се најавуваше дека ќе станат правопропорционални со финансиската моќ на државата, оваа власт не успеа тоа да го направи. Во услови кога се зголемуваат цените и се најавува тешка енергетска зима, очекувањата се дека храната ќе биде сè поскапа и тешко достапна за граѓаните, додека Македонија како сиромашна земја е рекордер во нивото на фрлена храна. 

Нашите соговорници очекуваат продлабочената сиромаштија да го намали количеството на храна што македонските граѓани го фрлаат секојдневно. Од „Банка за храна“ велат дека залихи храна која ќе ја донираат на социјални семејства имаат за уште само неколку месеци.

Гости во 25 минути се Кристијан Калинов од „Ретвитни Оброк“, Бранимир Јовановиќ, професор на Институтот за меѓународни економски студии во Виена, Тони Станковски од здружението „Љубезност“, Душко Христов, основач на „Банка за храна“ и Наце Трајковски од Скопје, корисник на услугите во народна кујна.

Македонски Новости