Оваа година, наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ ќе се додели по 22 пат.
Генерален покровител на оваа награда е „Комерцијална банка“ АД Скопје и истата се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.
Оваа година, на конкурсот беа пријавени 41 роман. Во првата селекција, жирито одбра 18 дела, а во втората фаза, бројката се намали на 9 дела. Во петок, на 15 март, ќе биде соопштен победникот/победничката на конкурсот за „Роман на годината“.
Потесен избор на дела за наградата „Роман на годината“:
1. „Лето во кое те нема“, Петар Андоновски, „Или – Или“
2. „Шрапнел“, Игор Анѓелков, „Или – Или“
3. „Суво мастило“, Владимир Илиевски, „Македоника литера“
4. „Скриени желби, немирни патувања“, Владимир Јанковски, „Антолог“
5. „Ши“, Сашо Кокаланов, „Или – Или“
6. „Сфинга на гневот“, Жарко Кујунџиски, „Антолог“
7. „Фантомско стапало“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
8. „На враќање“, Фросина Пармаковска, „Или-Или“
9. „Куќа над брановите“, Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума“