Невработеноста на младите на Западен Балкан ја разгорува највисоката стапка на емиграција во Европa
Недостаток на државни иницијативи за спречување на невработеноста кај младите луѓе од Западен Балкан резултираше со највисока стапка на емиграција во Европа, и пандемијата ги влошува работите за оваа ранлива група.
Невработеноста кај младите во услови на невидена социо-економска криза во земјите од Западен Балкан
Земјите од Западен Балкан континуирано се борат со огромен број на проблеми – слаб квалитет на воздух, почва и вода, висока невработеност кај младите и ниски месечни примања. Родовиот јаз е исто така проблематичен, земајќи предвид дека најновите статистички податоци покажуваат дека жените сочинуваат околу 40% од вработените граѓани кои живеат на Западен Балкан, но само 14,2% се на високи раководни позиции, а само 27,5% од деловните активности се во сопственост на жени. Сите овие фактори ги поттикнуваат младите во регионот да ја напуштат својата татковина во потрага по подобра иднина, но најмоќниот двигател е несомнено невработеноста кај младите.
Државните институции на Западен Балкан не успеаја ефикасно да одговорат на овие предизвици. Пандемијата ги влоши постојните проблеми поврзани со вработувањето, здравствената заштита и родовото насилство. Исто така, го попречи процесот на ажурирање и усогласување на домашното и законодавството на ЕУ, чија примарна цел е подобрување на лошите услови за живот. Во Косово, Албанија, Црна Гора и Србија, пандемијата е главната причина поради која околу 300.000 луѓе беа доведени до екстремна сиромаштија. Последниот извештај на World Bank Group покажува дека на Западен Балкан, и покрај напредокот во намалувањето на сиромаштијата и генералниот пад на вработувањето кај младите пред пандемијата, сега работите се сменија на полошо.
До јуни 2020 година, околу 139 000 луѓе останаа без работа, а огромен број сега се соочуваат со непредвидливи тешкотии. Неодамнешниот извештај на OECD открива дека жените и младите биле најтешко погодени.
Високо образовани, но сепак невработени
Меѓу алармантните стапки на невработеност кај младите, забележани во извештајот на Иницијативата за демократија од Западен Балкан, Северна Македонија има најголем процент – 46,7%. Всушност, околу половина милион Македонци веќе емигрирале во странски земји како Германија, Австрија и Швајцарија.
Да се најде пристојна работа е борба во оваа мала балканска земја, каде се уште преовладува дискриминацијата врз основа на пол, род и сексуална ориентација. Повеќето млади кои ја напуштаат Северна Македонија, најголемиот дел од образованието го стекнуваат во својата татковина, што значи дека инвестицијата на земјата во нивното долгорочно образование станува инвестиција во земјите во кои емигрираат.
Егзодусот доведе до значително намалување на БДП на земјата, оставајќи ја веќе неизбалансираната економија на нестабилно тло. Просечната заработка во Црна Гора останува најмалку четири пати помала отколку во поразвиените западноевропски земји. Во Србија, Албанија и Црна Гора, невработеноста кај младите работи изнесува повеќе од 31%. Од овие три земји, Црна Гора покажува најпозитивен резултат во процесот на пристапување кон ЕУ. Социо-економските услови во оваа држава се значително подобрени, но сепак просечната заработка останува најмалку четири пати помала отколку во поразвиените западноевропски земји, а една третина од младите се без работа.
Ако имаат доволно среќа да најдат работа, платите се толку ниски што едвај ги покриваат месечните трошоци како киријата, интернетот и струјата. Високата невработеност кај младите и образовани луѓе е очигледно една од причините зошто толку голем процент на млади лица кои се желни да добијат соодветни социјални и финансиски бенефиции се очајни да заминат. И покрај ветувачкиот пат на Црна Гора кон членството во ЕУ, една третина од младите кои живеат таму не можат да најдат работа.
Родов јаз, токсична работна средина и дискриминација – главните причинители за младинска емиграција
Многу млади од Балканот се соочуваат со социјална несигурност, несакана пролонгирана финансиска зависност од нивните семејства и родова дискриминација заснована врз патријархални, застарени социјални вредности. Алармантна е потребата за реално, видливо подобрување и социјален напредок во земјите од Западен Балкан. Земјите од целиот регион мораат да спроведуваат политики во најдобар интерес на своите граѓани, препознавајќи ги најголемите проблеми со кои се соочуваат младите, почитувајќи ги социјалните права и стеснувајќи го родовиот јаз на пазарот на трудот. Дополнително, она што е исто така од огромна важност е потребата да се усогласи домашното законодавство со законодавството на ЕУ за заштита на животната средина и подобрување на здравјето на граѓаните. Ако овие земји не го сторат тоа, бројот на млади кои заминуваат во поразвиените демократии ќе продолжи да се зголемува вртоглави.
Повеќето земји од Западен Балкан се на патот кон членството во ЕУ. Во интерес на овие земји е да се направат одлучни интервенции за да се намали невработеноста кај младите и да се спречи непосакуваната, но неизбежна младинска емиграција.
Целосната, оригинална верзија на текстот за ECPR можете да ја прочитате тука.