Денеска, Основниот суд – Велес ја ослободи од обвинение велешанката Павлинка Илоска (23) и ја укина мерката куќен притвор.
Илоска одговараше за кривичното дело „убиство во миг“, откако со нож во самоодбрана го усмрти нејзиниот партнер од Велес. По многубројните изнесени докази, како и сведоштвата за време на рочиштето, Велешкиот суд пресуди во полза на Илоска, која со години беше жртва на физичко и психичко насилство од страна на нејзиниот партнер, Александар Р. (40).
Хелсиншкиот комитет за човекови права, како и голем број на граѓански организации за човекови права побараа обвинението за убиство на миг да се промени и да се констатира од страна на судските органи дека се работи за дело сторено во самоодбрана.
Сите трошоци за судската постапка паѓаат на товар на државата, а мерката куќен притвор се укинува.