Контроверзниот закон во Тексас за забрана за абортирање по шест недели од бременоста стапи на сила, откако Врховниот суд на САД не постапи по барањето да се забрани донесувањето на овој нехуман закон од страна на активистите и организациите за заштита на правото на абортус.
Законот е еден од најрестриктивните закони во САД, и со него се забрануваат скоро сите видови на абортуси во државата, предупредија активистите за права на абортус. Врховниот суд се очекува да донесе одлука за забраната.
Претседателот Бајден го нарече законот „екстремен“ во изјавата во средата и рече дека „бесрамно го крши уставното право утврдено според Ро и В. Вејд кое служи за преседан веќе речиси половина век“.
„Законот во Тексас значително ќе го наруши пристапот на жените до здравствената заштита што им е потребна, особено за малцинствата и лицата со ниски примања“, рече претседателот. „Мојата администрација е длабоко посветена на уставното право утврдено во случајот „Рој против Вејд“ пред речиси пет децении и ќе го штити и брани тоа право.“
Ејми Хагстром Милер, извршен директор на „Whole Woman’s Health“, која управува со четири клиники за абортус во Тексас и го води случајот пред Врховниот суд, во средата на новинарите им рече дека „сега сме во невидена и комплицирана ситуација“.
Демонстрантите против правото на абортус во вторникот беа надвор од клиниките, рече таа, и тие неколкупати повикаа полиција и противпожарна служба во обид да ги затворат.
Сега, кога шестнеделната забрана стапи на сила без дејствија на Врховниот суд, Милер рече дека клиниките се „целосно усогласени“ со новиот закон и може да обезбедат абортуси за околу 10% од жените кои бараат прекинување на бременоста.
„Барем засега, државата Тексас стана првата држава по преседанот со случајот „Ро и В. Вејд“ кој стапи на сила пред половина век“, изјави Марк Херон, виш советник во Центарот за репродуктивни права и главен адвокат за случајот.
Покрај забраната за абортус по шест недели од бременоста – период во кој повеќето жени не знаат дека се бремени – мерката им овозможува на граѓаните да покренат граѓански спорови против секој што ќе сака да изврши абортус по шест недели или ќе и помогне на жената да пристапи до постапката, како на пример – пријател кој вози жена да изврши абортус, или е дел од персоналот во клиниката во која се извршува абортусот. Оние кои ќе го прекршат законот, треба да платат најмалку 10.000 долари на лицето кое успешно го покренало тужбата.
Организациите за заштита на абортусот во понеделникот го предупредија Врховниот суд дека доколку се дозволи овој закон да стапи на сила, забраната „веднаш ќе го намали пристапот за абортус во Тексас“. Тие проценија дека најмалку 85% од жените кои абортираат во Тексас се најмалку шест недели бремени и предупредија дека законот ќе принуди многу клиники да се затворат.
„Пациентите кои ќе сакаат да извршат абортус, ќе бидат принудени да се обидат да ја напуштат државата, а многу од тие процедури ќе бидат одложени до подоцна во бременоста“, напишаа адвокатите што ги застапуваа активистите кои се залагаат за правото на абортус во поднесокот до Врховниот суд. „Останатите лица кои живеат во Тексас и кои сакаат да абортираат ќе бидат принудени да останат бремени против нивната волја или да се обидат да ја прекинат бременоста без медицински надзор.“