Јавен повик за медиумски работници за учество на онлајн обуки за унапредување на знаења и вештини за родово базираното насилство и насилството врз жени и девојчиња
ХОПС – Опции за здрав живот Скопје (ХОПС) во партнерство со Коалиција Маргини и Националната мрежа за борба против насилството врз жените и семејното насилство, во рамки на проектот “Different discourse better reality, media in combating gender based violence – strenghtening media literacy on gender based violence” поддржан од UNWomen во Скопје, објавува јавен повик за учество на Обуки за унапредување на знаењата и вештините кај медиумските професионалци во областа на родово базираното насилство и насилството врз жени и девојчиња, но и за улогата на медиумските работници во борбата и сузбивањето на насилството врз жените.
Обуките се наменети за сите заинтересирани медиумски работници (новинар(к)и, истражувачки новинари, репортери, уредници, лица од институции/организации кои работат во полето на медиумите, лица од менаџментот на медиумите како и лица кои креираат и објавуваат статии и други содржини од наведената област на различни типови медиуми). На обуките можат да се пријават медиумски работници од сите типови на медиуми.
Обуките ќе бидат реализирани врз основа на специјално креирани Модули единствени од ваков тип кај нас, од познати и признати експерти во областите на: медиумите, родовата еднаквост, Националното и меѓународното законодаство и системот на заштита на жртвите на родово базирано насилство, човековите права.
За време на тридневните обуки, учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини за: Родово базираното насилство и маргинализираните групи, Националното законодаство и системот на заштита на жртвите од родово базирано насилство и семејно насилство како и за најновите податоци од истражувања и Техниките за известување за родово базираното насилство и насилството врз жени и девојчиња.
По завршувањето на обуките, постои можност за ангажман за креирање на стории поврзани со темите од обуките, за бруто паричен надомест од 3.000 денари по лице. Лицата кои ќе работат на оваа задача ќе бидат избрани по завршувањето на сите планирани обуки, согласно систем на избор од страна на експертите обучувачи.
Во овој циклус ќе бидат спроведени вкупно две обуки онлајн кои ќе траат по три дена, и тоа:
Прва обука од 21ти до 23ти Април 2021 – линк за пријавување за овој термин тука – пријавување најдоцна до 15.04.2021, до 16.00 часот
Втора обука од 26ти до 28ти Април 2021 – линк за пријавување за овој термин тука – пријавување најдоцна до 20.04.2021, до 16.00 часот
Сите останати детали во однос на обуките, ќе ги добиете после вашето пријавување.
Обуките ќе бидат организирани online, на платформата ZOOM заради заштита од Ковид 19.
Огласот е отворен за сите медиумски професионалци од другите градови од сите региони на РС Македонија (освен Скопје).
Лице за контакт: Елена Петровска
075 207 187