Бранот насилства во Србија ја отвори Пандорината кутија во Македонија
Трагичните настани од масовните убиства во Србија, дефинитивно отворија дилема за реформи не само на училиштата туку и општествата во кој живее народот на Балканот. Како домино ефект се отвораат дебати и дилеми за можните причини да ескалира мозокот на 14 годишно дете и да испланира крвав настан замислив само во крими-филмовите.
Според психолозите и педагозите, овој настан ги отвора прашањата за можните никулци за екстемно однесување, односно како да се препознае и превенира детската психологија од
екстремности. Според психологот од гимназијата „Орце Николов“, Ана Попризова, општествата ни се плодна почва за незадоволство, кое не може да го заобиколи училиштето.
Гости во 25 Минути се Орхидеја Шурбановска, универзитетска професорка, Ана Попризова, психолог во гимназија „Орце Николов“ во Скопје, Азир Алиу, министер за информатичко општество и администрација и Маја Стојчевски, консултантка на родители за деца со посебни потреби.