Од љубов не се бега

Не станува тука збор за успех на некоја огранизација или поединец за спроведување на Сеопфатно сексуално образование во образовните реформи. Напротив, невклучувањето на СОО значи плодна почва за сексуални предатори како Мика Алексиќ и слични нему. Значи дека ќе си продолжиме да си молчиме и да се тераме по старо само поради отсуство и тапост на сетилата за околината и промените кои доаѓаат.

Интересно е кога ќе се соочиш со стравот. Всушност, се соочуваш со храбоста. Ги оставаш на страна своите митови и стравови и гледаш низ призма на факти. Да, за да се погледаат фактите треба храборст. Треба да се соочиш со недостатоците, пропуштените шанси и лошите одлуки. Храброста е и знак за зрелост, што во голема мера, низ годините се покажало дека ни недостасува особено кога станува збор за образовните промени.

Храброста, во овој момент, е повеќе од потребна. Храброста за да се преземат и спроведат образовни реформи е нужна.

Сепак, постои голем страв кој се вика сеопфатно сексуално образование. Да, ССО.Тоа е најголемиот непријател.Чудовиште кои ќе дојде и ќе ги грабне децата од училишните клупи и ќе ги однесе во лошиот свет, далеку далеку одовде. Но во суштина, чудовиштето кое ќе дојде и ќе ги грабне децата се лажните вести и нереалните, илузиони, наметнати стравови од страна на универзитетски професори, медиуми, верски лидери кои слепо одбиваат да ги согледаат фактите.

Замижувањето пред фактите некако и можам да го поднесам. Никола Младенов велеше дека и во аргументирана дебата е дозволен жесток јазик, но она што не можам да го поднесам се лаги, клевети, навреди, измислици и насилен јазик! Да напаѓате нешто што е исправно е неморално и неетички.

Помалку вчудоневидена но истовремено вознемирена од слепоста пред фактите дека ССО всушност претставува:

  • Сеопфатното сексуално образование ќе ги запознае децата и младите со биолошките аспекти на човековите инстинкти, сексуалноста и медицинскиот дел од превенцијата од болестите и бременоста.
  • Сеопфатното сексуално образование ќе ги запознае децата и младите за различни аспекти на сексуалноста (културолошки, психосоцијални и емоционални аспекти) како основа за една здрава и толерантна млада личност.
  • Сеопфатното сексуално образование помага во донесување на информирани одлуки, одлуки кои се засновани на спремност, желба и потреба кај младите, спротивно од праксата на започнување на рани и присилни сексуални односи.
  • Сеопфатното сексуално образование значи подобра информираност на младите.
  • Сеопфатното сексуално образование ги ослободува младите од притисокот да имаат секс заради околината.
  • Сеопфатното сексуално образование ги охрабрува децата и младите да ги спознаат своите и туѓите емоции и реакции, ги описменува за емотивниот спектар, ги учи како да се справуваат во најразлични емотивни состојби.
  • Сексуалното образование ги учи децата и младите на однесувања кои се засновани на почит, рамноправност и еднаквост.
  • Сеопфатното сексуално образование ги запознава децата и младите за вредностите на пријателствата, за ненасилството и за безбедноста.
  • Сеопфатното сексуално образование ги руши стереотипите и прерасудите за различните од нас.
  • Сеопфатното сексуално образование ги информира младите за постоењето на различни сексуални ориентации.
  • Сеопфатното сексуално образование развива квалитетни и одговорни луѓе, кои веруваат во себе.

Не станува тука збор за успех на некоја огранизација или поединец за спроведување на сеопфатно сексуално образование во образовните реформи. Напротив, невклучувањето на СОО значи плодна почва за сексуални предатори како Мика Алексиќ и слични нему. Тоа значи дека ќе си продолжиме да си молчиме и да тераме по старо само поради отсуство и тапост на сетилата за околината и промените кои доаѓаат.

Верувам има и онакви меѓу нас кои се ситат на нападите кои ги добива ХЕРА во изминатот период. Но, ХЕРА не е тоа. ХЕРА постои 20 години и во тие 20 години добила доволно лузни. Со невклучувањето на сеопфатното сексуално образование нема да се порази ХЕРА, ќе се поразат младите и нивното здравје. Не  поради тоа што не знаеме за пораз, туку затоа што бираме да не сме заглавени и бараме промена која е неопходна!

Често пати од премногу љубов и заштита, работите не излегуваат онака како што се стремиме. Сакајќи да го заштитиме, што и да е тоа,  бидејќи сакаме да го заштитиме, му правиме повеќе штета. Ако го отфрлиме сеопфатното сексуално образование, ќе отфрлиме огромна можност за квалитетна промена.

Сеопфатно сексуално образование е нужен почеток на реформите, не е нечија волја. Децата денеска растат со видео игри, таблети, смартфони, инста инфлуенсери, јутјубери, и поради тоа, многу е потребно да ги научиме за себе, за своите чувства, за односите околку себе, за заштита од повреди. Потребно е да ги научиме да бидат емотивно писмени.

Не можете да избегате од потребата за промена. Можете само да ја оддложите, но таа доаѓа. И ќе удри многу силно, онаму каде најмногу боли. Во човечкиот капацитет, знаењата и вештините на нашата иднина!

“Вие можете да не закопате, но знајте дека ние сме семиња“ е позната синтагма од грчкиот поет Динос Кристаноплулос.

Утре е нов ден и ние ќе имаме повеќе факти и докази за користа и ефективноста на сеопфатното Сексуално образование врз младите. Ние ќе живееме со поголема слобода и живост, бидејки сме доволно храбри и паметни да го видиме тоа и доволно храбри и паметни да сме она што сме.

Јас го избирам сеопфатното сексуално образование, не од страв, туку од храброст и потреба да знам и да зборувам без страв и срам.