“Работата на терен секојдневно ни потврдува дека безмалку секој млад човек се соочил со непријатно искуство кога станува збор за сексуалното репродуктивно здравје и права. Иако најчесто се добронамерно кажани, митовите, народните лекови и поставувањето дијагнози „од ракав“ во најмала рака можат да бидат причина за многу инфекции/болести, па дури и изгубени животи.”
Утре, на 18 ноември во 18 часот, во Кинотеката на Република Северна Македонија ќе се одржи премиерата на филмот „Проблемот на Тина“. Режисер на филмот е Радован Петровиќ, а сценариото е на писателката Румена Бужаровска. Филмот раскажува за искуството на 22-годишна девојка која за првпат оди на гинеколошки преглед.
По проекцијата, режисерот ќе го отвори панелот, а потоа ќе следи дискусија со сценаристката Румена Бужаровска, д-р гинеколог акушер Миле Тантуровски и Мери Цветковска од ХЕРА. Модераторка на дискусијата ќе биде Теодора Милеска од ХЕРАмлади!
Линкот до настанот можете да го посетите тука.
Настанот ќе се одржи според актуелните протоколи за заштита од ковид-19.