Ниту високото образование не ja реши разликата во платите меѓу транс и цис работниците, според новото истражување.
Возрасните транс лица имаат двојно поголема веројатност да бидат невработени од возрасните цис лица, според новото истражување кое ги испитува условите со кои се соочуваат транс луѓето на работа.
McKinsey Quarterly, деловен магазин на консултантската фирма за менаџмент McKinsey & Company, минатата среда објави студија насловена како „Да се биде трансродово лице на работа“. Студијата се темели на голем број извори, вклучително и претходното истражување на McKinsey за Искуствата на ЛГБТИ+ работниците, истражувањето од Институтот Вилијамс во UCLA и податоците од Системот за следење на ризичните фактори на однесување на Центрите за контрола и превенција на болести (BRFSS), за да се расветли општата состојба на работите за транс работниците во 2021 година.
Покрај тоа што студијата откри дека транс работниците имаат поголема веројатност да бидат невработени, покажа дека дури и вработените транс лица имаат поголема веројатност да се соочат со несигурни работни услови. Според извештајот, податоците на BRFSS покажуваат дека 1,7 пати повеќе транс лица пријавиле дека неодамна останале без работа во споредба со цис луѓе.
Околу 42% транс лица изјавиле дека работат со скратено работно време во споредба со цис испитаниците, што значи дека има помала веројатност да ги исполнуваат условите за бенефиции што им се достапни на работниците со полно работно време, како што е здравствената заштита.
„И недостигот и несигурноста на вработувањето на транс лицата можат да доведат до чувство на осаменост, нестабилност и отуѓеност од останатата работна сила.“
Податоците од анкетата на McKinsey покажаа дека транс лицата имаат 2,4 пати поголема веројатност да работат во прехранбената или малопродажната индустрија, каде што има поголема веројатност да добиваат минимална плата. Соодветно на тоа, просечниот годишен приход на домаќинството на возрасно трансродово лице е околу 17.000 долари помал од оној на возрасно цис лице. Тие разлики стануваат посериозни кога се земаат предвид дополнителните фактори на маргинализација, при што 75% од домородните американски транс лица и 43% од шпанските транс лица заработуваат помалку од 25.000 долари годишно.
Студијата исто така забележува дека овие нееднаквости не биле нужно „решени“ со фактори како што е факултетското образование. Транс испитаниците на истражувањето на McKinsey имале 1,7 пати помала веројатност да имаат диплома од цис студентите, а оние кои имале факултетски дипломи сè уште имаат поголема веројатност (26%) да заработат 50.000 долари или помалку во споредба со дипломираните цис студенти (19%).
Според студијата, уште од самиот почеток, процесот на барање работа е покомплициран за транс лицата. Транс-апликантите треба да вложат дополнителна „ментална и психолошка енергија за да се прикријат на начин на кој цисродовите апликанти не треба да го прават“, при што 50% од испитаниците изјавиле дека чувствувале дека не можат да бидат целосно свои за време на интервјуата за вработување.