1 мај, борба за работничките права – во Македонија работничките права се кршат
Ако не сте јавен функционер на државата или работник во сферата на новите технологии, било која друга традиционална професија да ја извршувате, не е доволно платена за задоволување на минималната синдикална кошница. Таа изнесува нешто над 50.000 денари. Ако на тоа се додаде и високата инфлација, јасно е дека Први мај, денот на работникот, нема причина за славје.
Една од најодговорните, а и најзагрозени професии во Македонија по основ на доход е медицинската сестра. Платите им се далеку помали од оние на лекарите, додека дежурствата им се плаќаат дупло помалку од оние на колегите во бели мантили со кои работат. Оттаму и нивниот егзодус од државата.
Гости во 25 Минути се Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението на медицински сестри, Кристина Ампева, претседателка на Здружението на текстилните работнички, Јована Тренчевска министерка за труд и социјална политика, и Виолета Симјановска од Сибелиус Академија, Хелсинки.