25 минути: Одговор од Амбасадата на САД – зошто се праќа американски тим за санкции?
Отворени пораки од САД како никогаш досега до македонските власти за справување со корупцијата. Вашингтон испраќа тим за санкции кој ќе даде поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и ќе ги разгледа сите можни одговори, бидејќи на правосудниот сектор во С. Македонија му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот.
Ова се само дел од мерките со кои владата на САД одлучно се заложи дека ќе им помогне на македонскиот правосуден сектор во борбата со високата корупција во земјава.
Во емисијата и претседателот Стево Пендаровски со став за американскиот тим и идејата за ветинг. Одговорите и од американската амбасада и од претседателот беа експресно добиени. Не добивме одговор од кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски и од кабинетот на вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска за резултатите кои ги очекуваат од американскиот тим за борба против корупција.
Гости во 25 минути Владимир Георгиев, заменик претседател на Антикорупциската комисија, Слаѓана Тасева, претседателка на Transparency International, Гоце Коцевски од Здружение на млади правници, и Роман Јакиќ, поранешен министер за одбрана на Словенија.