Како да најдете работа од дома: Направете ги овие промени во вашето резиме, мотивационо писмо и LinkedIn
Треба конкретно да ја насочите вашата апликација за работа ако сакате да работите од дома. Еве како.
Ако барате работа која може да ја работите од дома за да избегате од опасностите и маката од канцеларискиот живот, не сте сами. Конкуренцијата е многу голема во моментов. LinkedIn објави дека бројот на работни места кои можат да се работат од дома е скоро тројно зголемен од март. Но, за наоѓање на работа која може да ја работите од дома, треба повеќе од едноставно кажување на пријателите и регрутерите дека сакате работа која ќе можете да ја работите од секаде.
Во апликацијата за работа, фокусот не треба да биде вашиот живот, туку на тоа како вашите минати виртуелни искуства и вештини ве прават најдобриот кандидат за таа работа. „Мора да го подготвите вашето резиме, земајќи ги предвид потребите и очекувањата на компанијата како вие би биле успешен кандидат,“ рече консултантот за работа Фабриција Занка. Еве како да го направите тоа доколку се обидувате да најдете работа од дома.
Вашето резиме треба да прикаже специфични зборови за работа од дома. Покажете какво било искуство од работење од дома. Веројатно имате повеќе од ова искуство отколку што мислите. „Ако сте работеле на растојание од колегите, низ различни временски зони или физички растојанија, тоа е важно. Ако сте работеле од дома повремено или редовно, тоа е важно, “ рече Бри Вајлер Рејнолдс, менаџер за развој на кариера и тренер во FlexJobs и Remote.co. „Ако сте стекнале диплома или сертификација преку Интернет, тоа е важно. Ако сте волонтирале на проект каде што најголем дел од работата сте ја завршиле од вашата домашна канцеларија, тоа е важно.“ Тоа може да го вклучите во описите на вашите минати работни места со изјава како: „Водев тим од пет претставници на кориснички услуги во целосно оддалечена работна средина и како тим успешно заработивме просечен рејтинг од 94%,“ рече таа. Јасно означете кои минати работни места беа од далечина со јазик, како „Директор за маркетинг (100% работење од дома),“ рече Рејнолдс.
Бидете сигурни дека вашите виртуелни технолошки вештини се истакнати. Регрутерите брзо ги прелистуваат резимеата. Ако знаете дека компанијата во која аплицирате користи платформи како Asana или Slack, сакате веднаш да потенцирате дека знаете добро да ги користите. Наведете ја својата експертиза со алатки за работа на далечина на врвот на првата страница од вашето резиме или на место каде што е јасно прикажано, рече Занка. Немате виртуелно искуство? Постојат начини да се добие. Доколку немате искуство со работа одалечени од другите и правите радикална промена во вашата кариера, не очајувајте.
Тренерот за работа од дома, Џордан Керол, рече дека прво треба да идентификувате кои вештини ви недостасуваат за работата која ја сакате, работејќи со луѓе кои веќе работат од дома. „Направете список со луѓето во вашата околина кои на некој начин веќе се во таа улога. Тие можат да работат виртуелно, или од дома, или имаат работа што главно ја прават од компјутер. Тие можат да бидат сопственици на компанија која виртуелно вработува луѓе, “ рече Керол. Барањето да работат со вас може да доведе да работите бесплатно, но преземајќи некои задачи во замена за менторство, вие не добивате само искуство за вашето резиме, туку добивате реална практика за работата што ја сакате.
Вашето мотивационо писмо треба да потенцира зошто сте одличен работник за работа од дома. Мотивационото писмо не треба да биде за вас. Треба да биде за тоа како вие можете да ја потпомогнете компанијата. Експертите за работење од дома истакнаа дека вашето мотивационо писмо треба да покаже што вас ве прави добар вработен за работа од дома, а не зошто лично сакате да работите од дома. „Причината не е дека сакате да патувате низ светот или да можете да ги соберете своите деца од училиште,“ рече Занча. Наместо тоа, мотивационото писмо треба да претставува деловен случај. Занка рече дека истото можете да го докажете опишувајќи колку напредувале вашите перформанси за времето кое сте го помилате работејки од дома за време на пандемијата.
Имајте на ум дека менаџерите за вработување кои ја прелистуваат вашата апликација за работа бараат клучни вештини за работење од дома. Тренерот за барање работа Ешли Воткинс рече дека кога таа била регрутер за работни места на далечина, таа ги фокусирала интервјуата околу утврдувањето дали кандидатите ги имаат следниве вештини: флексибилност, како што е справување со непредвидливи ситуации со малку насоки и преземање иницијатива; прилагодливост, како што се управување со менливи приоритетите, градење на односи и можност за стекнување доверба и влог од клиенти или лидерство; можноста да се даде приоритет на повеќе проекти и можноста да се затвори кругот на одлуките што чекаат. „Обезбедувањето јасни примери за тоа како сте биле успешни во секоја од овие области го поддржува вашето барање за далечна улога,“ рече Воткинс, додавајќи дека овој пристап функционира и за мотивационите писма и за резимеа.
На LinkedIn, одете чекот понатаму од само изјавување дека барате работа од дома. Направете насловот на вашиот профил да биде ефентивен. „Профилот на LinkedIn не е за вас. Станува збор за луѓето што ќе го отворат вашиот профилот, “ рече Керол. Во насловот, „Многу луѓе пишуваат:„ Барам можности за работа од дома. “ Ова е едно од најлошите нешто што можете да ги напишете,“ рече Керол, „затоа што сте фокусирани само на себе. Ја пропуштивте шансата да ставите клучни зборови што може да се пребаруваат.
Доколку некој регрутер или менаџер за вработување пребарува на страната за регрутирање на LinkedIn, тие не пишуваат „Барам работа од дома“ при нивното пребарување, тие ги пребаруваат работните позиции од индустријата . За да го подобрите вашиот профил, Керол рече дека треба да барате работни позиции кои би одговарале на вашиот профил, а потоа да искористите страница како Wordclouds за да ви покаже кои клучни зборови се користат најмногу во описите на работните места за тие позиции. Користете го она што ќе го пронајдете како би го направиле вашиот профил специфичен. „Фокусот на трагачот по работа е:„ Како да ги најдам тие компании и да се поврзам со луѓето во компаниите кои веќе се залагаат за работење од дома и како да се прикажам и да покажам дека би бил добар кандидат за таа улога, без разлика дали е работа од дома или не, “ Рече Керол.
Пополнувањето на делот „За вас“ е исто така важно. Воткинс рече дека оставањето на делот „За вас“ на вашиот профил на LinkedIn празен или пишување на само една реченица е честа грешка што таа ја гледа кај барателите на работа од дома. „И покрај тоа што делот од тој профил не може да се пребарува, ако имате доволно клучни зборови што одговараат на огласот за работа кој ги испраќа до вашиот профил, тој дел „ За вас “е бонус затоа што им овозможува да добијат слика за вас како личност,“ рече Воткинс . „Токму тука го привлекувате нивното внимание и на тогаш ќе сакаат да ве исконтактираат.“
Превод: Рушка Бабиќ