Повик за волонтер(к)и на регионалниот книжевен фестивал „Друга приказна“
Скопскиот книжевен фестивал „Друга приказна“ во организација на издавачката куќа „Темплум“ по седми пат ќе се одржи на 26, 27 и 28 август. Оваа година, фестивалската тема е „Нова писменост“, а во програмата ќе учествуваат лица од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора.
Книжевниот фестивал „Друга приказна“ отвори повик за волонтери и волонтерки кои би сакале да придонесат во реализацијата на регионалниот книжевен фестивал „Друга приказна“ #7!
„Потребни ни се ентузијастични, љубопитни и ажурни волонтер(к)и кои сакаат подобро да ја запознаат и да се вклучат во книжевната и културната сцена во Скопје и да се подружат со писател(к)и, критичар(к)и, уредници, уметници и теоретичар(к)и од земјава и регионот.
Претходно волонтерско искуство е предност, но не е неопходно.
Волонтер(к)ите ќе имаат можност да се запознаат со процесот на подготовка и реализација на фестивалот, а во зависност од своите знаења и интереси ќе можат да помогнат во различни сегменти од организацијата на настаните, во комуникацијата со гостите, да учествуваат во создавањето медиумски и други текстуални содржини… Фестивалот има предвидено покривање дневница за волонтерите.“
Ако сте заинтересирани, можете да аплицирате до 12 август на drugaprikazna.festival@gmail.com наведувајќи ги следните информации: име и презиме и телефон за контакт.