Првата жена премиерка на Естонија положи заклетва кога новата влада ја презема власта
Каја Калас, 43, е на чело на новиот кабинет, откако поранешната влада пропадна во наводниот корупциски скандал.
Новата премиерка на Естонија вети дека ќе го врати угледот на балтичката држава, по две бурни години во кои една крајно десничарска партија беше дел од владата на земјата.
„Ние повторно ќе ги градиме нашите односи со нашите сојузници, соседите и ќе се обидеме да го вратиме нашето име како добра земја за инвестирање,“ рече Каја Калас за Reuters во вторникот во Талин, откако ја положи заклетвата.
43-годишната Калас станува прва жена премиерка во земјата откако Естонија ја врати независноста во 1991 година. The Reform Party, која таа ја предводи, освои најмногу гласови на изборите во 2019 година, но не беше во можност да формира влада, поради тоа што опозициската Centre Party се сврте кон крајната десница ЕКРЕ и друга десничарска партија за формирање контроверзна коалиција, со Јури Ратас како премиер.
Оваа коалиција беше секогаш кревка и постојано и влијаеше на крајно десничарската реторика што ја користеа членовите на владата на ЕКРЕ. Во 2019 година, пратеникот на ЕКРЕ Рубен Каалеп за Гардијан изјави дека агендата на партијата е да се бори против „замена за мајчин јазик“ „ЛГБТ агенда“ и „левичарско глобално идеолошко лидерство.“
Во декември истата година, естонскиот претседател Керсти Каjулаид и се извини на Финска, откако министерот за внатрешни работи Март Хелме, лидерот на ЕКРЕ, ја исмеа новоизбраната финска премиерка Сана Марин како „девојка од делот за продажба.“
Минатата година, Каjулаид го свика советот за безбедност на земјата за да разговара за забелешките на Хелме, нарекувајќи го тогашниот американски претседателски кандидат Џо Бајден „корумпиран.“ Таа рече дека забелешките можат да влијаат на меѓународната политика на Естонија.
На крајот, владата на Ратас не беше срушена од реториката на ЕКРЕ, туку од корупциски скандал. Тој поднесе оставка на почетокот на јануари и беше формирана нова коалиција меѓу партиите Centre и Reform, со по седум кабинетски места за секоја партии и Калас како премиер. Новиот кабинет ќе биде на функција две години пред да се одржат нови избори на пролет 2023 година.
Калас, поранешен адвокат и европратеник, е ќерка на Сим Калас, кој ја основаше Reform party и беше премиер во 2002-2003 година. Таа изјави дека родовиот баланс е важен фактор во новиот кабинет, со бројни жени назначени на клучни позиции, вклучително и министерки за финансии и за надворешни работи.
Естонија сега е една од ретките земји во кои и претседателот на државата и премиерот на владата се жени, иако петгодишниот мандат на претседателката Каjулаид ќе истече оваа година и таа сè уште нема објавено дали ќе бара друг мандат.