Собранието на Косово ја усвои Резолуцијата за геноцидот во Сребреница
Резолуцијата забранува негирање на геноцидот извршен во Сребреница и претставува чин на солидарност со страдањата на Бошњаците од Босна и Херцеговина.
Косовското собрание во средата донесе резолуција со која се осудува геноцидот во Сребреница во јули 1995 година. 89 пратеници гласаа за усвојување на резолуцијата, никој не беше против или беше воздржан.
Претходно претставниците на Српската листа ја напуштија седницата, повикувајќи се на медиумите од Косово.
Во пресрет на 26-годишнината од геноцидот извршен врз Бошњаците во Сребреница, членовите на косовското собрание, на предлог на бошњачката заедница што живее на Косово, ја изгласаа резолуцијата.
Резолуцијата забранува негирање на геноцидот извршен во Сребреница и претставува чин на солидарност со страдањата на Бошњаците од Босна и Херцеговина.
Спомен плоча на жртвите на геноцид
По усвојувањето на резолуцијата, Косово се приклучи на многу демократски земји и меѓународни институции кои го осудија геноцидот извршен во Сребреница и покажаа солидарност во осудата на злосторството.
Почна и работата за изградба на спомен-плоча на жртвите од геноцидот во Сребреница во Витомирица, близу Пеќ, каде живее бошњачкото население. Проектот беше финансиран од бошњачкиот пратеник Дуде Баље.