Унгарија наложува ЛГБТ издавач да печати предупредување во детска книга
Зборник од бајките „Земјата на чудата е за секого“ сега мора да носи предупредување дека нејзините приказни содржат „однесување кое не е во согласност со традиционалните родови улоги.“
Унгарската влада, која го направи непријателството кон ЛГБТ луѓето централен дел од својата десничарка агенда, во вторникот нареди еден издавач да отпечати напомена со кои се идентификувани книги што содржат „однесување кое не е во согласност со традиционалните родови улоги.“
Претставници на владата изјавија дека овој чекор е потребен за да се заштитат потрошувачите, откако Лабриш, здружение за лезбејки, бисексуалци и транс-жени, објави зборник на бајки насловена „Земјата на чудата е за секого“, која вклучува неколку приказни со ЛГБТ теми.
Книгата, чии автори велат дека има за цел да ги научи децата да ги почитуваат сите луѓе, содржи приказна за срна на која и е остварена желбата да стане елен и поема за принц кој стапува во брак со друг принц. Другите приказни ги прикажуваат малцинствата во позитивно светло, вклучително и Ромите и лицата со посебни потреби. Ликот Снежана, преименувана во Кафеав лист, има темна кожа.
„Книгата се продава како бајка, наречена така на нејзината корица и соодветно дизајнирана, но го крие фактот дека го отсликува однесувањето кое не е во согласност со традиционалните родови улоги,“ се вели во соопштението на владината канцеларија во Будимпешта.
Наредбата бара од Лабриш да стави напомена на сите свои книги со ваква содржина, вклучително и „Земјата на чудата е за секого.“
Книгата за првпат беше ставена во центарот на вниманието во септември кога член на екстремно десничарската политичка партија Движењето за нашата татковина уништи примерок на прес-конференција. Националистичкиот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, чија десничарска партија Фидес усвои се повеќе непријателска реторика и политика кон ЛГБТ групите, минатата година ја нарече книгата „хомосексуална пропаганда.“
Лабриш – заедно со Хетер, сојузничка група за права на хомосексуалците, рече дека ќе ја тужи владата во врска со барањето за одрекување од одговорност, што го нарече дискриминаторско и неуставно.
Во мај, Унгарија гласаше за ставање крај на законското признавање на транс-луѓето. Во ноември, владата го измени уставот со цел да прогласи дека во едно семејство „таткото е маж, а мајката е жена,“ што значи дека хомосексуалните и транс паровите повеќе не можат да посвојуваат деца.
Хомофобичната политика на Орбан претрпе неуспех во ноември кога Јосиф Шајер, член на Фидес и постар европратеник, беа фатени како бегаат од геј-оргија во Брисел носејќи дрога со нив, во спротивност со рестрикциите поради пандемијата. Сајер се повлече од Фидес во декември.