Честички од загадениот воздухот кај младите луѓе можат да допринесат до појава на Алцхајмерова болест
Ако откритието е потврдено, тоа ќе има глобални импликации бидејќи 90% од луѓето дишат нечист воздух
Мали честички од загадениот воздухот се откриени во мозочното стебло на младите и се блиску поврзани со молекуларно оштетување поврзано со Алцхајмерова и Паркинсонова болест. Доколку неодамнешното откритие е потврдено со идно истражување, тоа би имало светски импликации затоа што 90% од глобалното население живее со загаден воздух.
Медицинските експерти се претпазливи во врска со наодите, и велат дека иако наночестичките се веројатна причина за штетата, останува да се види дали ова ќе доведе до болест подоцна во животот. Веќе постојат добри статистички докази дека поголемата изложеност на загаден воздух ги зголемува стапките на невродегенеративни заболувања, но значењето на новата студија е тоа што истата покажува можен физички механизам со кој се прави штетата. Истражувачите откриле изобилство на загадени наночестички во мозочнитo стебло на 186 млади луѓе од Мексико Сити кои починале ненадејно на возраст од 11 месеци до 27 години. Тие веројатно стигнале до мозокот откако ќе се вдишат во крвотокот, или преку носот или цревата.
Наночестичките беа тесно поврзани со абнормални протеини кои се обележја на Алцхајмеровата, Паркинсонова и моторна невронска болест. Аберодираните протеини не се видени во мозоците на луѓе од помалку загадени области, велат тие.
„Застрашувачки е тоа што, дури и кај доенчиња, постои невропатологија во мозочното стебло“, рече проф. Барбара Махер, од Универзитетот Ланкастер, Велика Британија и дел од истражувачкиот тим. „Досега не можеме да докажеме каузалност, но како можете да очекувате овие наночестички што ги содржат тие метални видови да седат инертни и безопасни во критичните клетки на мозокот? Тоа е бомба што чека да пукне – сериозно изгледа како тие наночестички да испукуваат куршуми кои што го предизвикуваат забележаното невродегенеративно оштетување.“
Махер рече дека работата обезбедува хипотези кои сега можат да бидат тестирани. На пример, оштетувањето на мозочното стебло би влијаело на контролата на движењето и одењето на младите и ова треба да биде во корелација со изложеноста на загадување доколку наночестичките се причина.
Причините за невродегенеративно заболување се комплексни и не се целосно разбрани. „Дефинитивно ќе има генетски фактори и голема е веројатноста да има и други невротоксични средства“, рече Махер. „Но, она што е посебно во врска со загадувањето на воздухот е колку луѓето се изложени на истото. Не мислам дека човечките системи имаат развиено никакви одбранбени механизми за да се заштитат од наночестичките.“
Таа рече дека е важно да се изучуваат децата бидејќи тие не биле изложени на други фактори поврзани со деменција, како што е конзумацијата на алкохол: „Така, тие стануваат предвесници на опасноста.“
Истражувањето го водеше Лилијан Калдерон-Гарсидуена на Универзитетот во Монтана, САД и е објавено во списанието „Истражување на животната средина“. Откриено е дека наночестичките богати со метал се совпаѓаат со обликот и хемискиот состав на оние произведени од сообраќајот, преку согорување и триење на кочниците, а кои изобилуваат во воздухот на Мексико Сити и многу други градови.
Проф. Луиз Серпел, од Универзитетот во Сасекс, Велика Британија, рече дека наночестичките се веродостојна причина за оштетување на мозокот, но дека нема доволно докази дека наночестичките можат да предизвикаат невродегенеративни болести: „Постојат многу други веројатно причини за невродегенеративни болести. ” Но, таа рече: „Нашата изложеност на загаден воздух и патогени микроорганизми е веројатно многу важна при активирањето на болестите.“
Џорди Суниер, доктор по медицина и хирургија на Универзитетот во Барселона, рече дека експериментите врз животни покажале дека вдишаните наночестички можат да стигнат до мозокот и да предизвикаат штета, но тој рече дека воспалителните хемикалии предизвикани од загадениот воздухот во белите дробови исто така можат да стигнат до мозокот.
Истражувањето открило наночестичките во substantia nigra, клучна област на мозокот кај Паркинсонова болест. Дејвид Декстер, вонреден директор за истражување на Паркинсоновата болест во Велика Британија, рече: „Ние сè уште не можеме да разбереме целосно што ја предизвикува Паркинсоновата болест, но оваа студија се базира на истражување кое ги поврзува слабиот квалитет на воздухот и невродегенерацијата, како и врските со токсичноста на металите. Паркинсоновата болест е најбрзо растечка невролошка состојба во светот, затоа [улогата на животната средина] е навистина важна област во рамките на глобалното истражување.“
Но, тој рече: „Патологијата во оваа студија е доста карактеристична и не е нешто што го имаме видено во нашата база на мозоци од типичните случаи на Паркинсон.“ Махер рече дека ова може да биде затоа што нивото на загадување на воздухот варира помеѓу градовите.
Д-р Сузан Колхас, директорка за истражување во Alzheimer’s Research UK во Велика Британија, рече: „Аерозагадувањето е поврзано со многу неповолни здравствени услови и сè поголем број докази покажуваат дека ова го вклучува нашиот ризик од развој на деменција. Протеините се таложат во мозокот со години пред да видиме видливи симптоми на деменција, но потребни се повеќе истражувања пред да можеме да предложиме дека загадување на воздухот може да поттикне мозочните промени поврзани со болести кај децата.“ Претходната работа на Махер и нејзините колеги ги покажа наночестичките во фронталниот кортекс на мозокот и во срцата на младите, додека други истражувачи во Кина ги откриваат во крвта.
Таа рече дека е критично да се преземат активности, особено да се измери бројот на наночестички на кои се изложени луѓето. Обично се мери само вкупната тежина на честички помали од 2,5 микрони. „Ако го измерите, и разберете каде е најголемиот проблем, тогаш можете да започнете да правите нешто“, рече таа. „Креаторите на политиките мора да ги земат предвид овие наоди и, всушност, да започнат да разработуваат како можеме да ја намалиме изложеноста на загаден воздухот најмногу што можеме.“