Аерозагадување: Незаинтересираноста на институциите за подобрување на квалитетот на воздухот

Според последниот извештај за Северна Македонија на Европската Унија од 2019 година, административниот капацитет на централно и локално ниво останува слаб и недоволен. Имплементацијата на директивата Environmental Impact Assessment како и консултациите со јавноста треба да се подобрат, особено на локално ниво.

Последниве неколку години, со почестата употреба на социјалните медиуми и мобилни апликации, се зголеми и бројот на лица кои се запознаени со последиците и опасностите предизвикани од постојаното загадување на воздухот, водата, почвата, како и употребата не штетни хемикалии или неправилно и прекумереното исфрлање на токсичен отпад. И покрај тоа што земјите од Европската Унија веќе децении наназад унифицираат, имплементираат и хармонизираат легислатива којашто е во полза на заштитата на животната средина, како и на лицата кои се изложени на загаден воздух, вода и почва, поголемиот број од државите на Балканот (со исклучок на Хрватска и Словенија) не ги преземаат соодветните чекори за почист воздух и животна средина.

Осврнувајќи се на состојбата во нашата држава, последниот извештај којшто го има објавено Министерството за животна средина и просторно планирање е од 2018 годинаа веќе е ноември, 2020. Во самиот извештај, наведени се сите детали околу супстанците во воздухот (примарни и секундарни загадувачки супстанци), како и мерните станици и нивниот начин на функционирање и мерење на загадувачките супстанци на територија на Македонија (17 фиксни и една мобилна мониторинг станица и тоа: 5 мерни станици во Скопје, 2 мерни станици во Битола, и по една мерна станица во Велес, о. Илинден, Кичево, Куманово, Кочани, Тетово, Кавадарци, Гостивар, Струмица и с. Лазарополе, според извештајот од 2018 година).

Констатирано е дека е потребна имплементација на мерките дефинирани во Националниот план за квалитет на воздух, Националниот план за редукција на емисии од големи согорувачки постројки, Планот за чист воздух и Програмата за подобрување на квалитетот на воздухот за 2019 година, со цел да се редуцираат емисиите на загадувачки супстанци/тврди честички во воздухот.

Но, колку од релевантната легислатива на Европската Унија во поглед на загадувањето е всушност хармонизирана во нашите закони и подзаконски правни акти и колку од овие цели кои се само дел од краткиот заклучок во извештајот од 2018 година се всушност преземени и изменети во полза на граѓаните и животната средина?  

Според последниот извештај за Северна Македонија на Европската Унија од 2019 година, административниот капацитет на централно и локално ниво останува слаб и недоволен. Имплементацијата на директивата Environmental Impact Assessment како и консултациите со јавноста треба да се подобрат, особено на локално ниво. Според ЕУ, не е постигнат напредок во донесувањето на Законот за инспекција во животната средина, директивата Infrastructure for Spatial Information in the European Community (INSPIRE Directive) и останатите ЕУ директиви за еколошки криминал кои сè уште не се целосно усогласени и спроведени.

Во однос на квалитетот на воздухот, иако законодавната усогласеност е скоро завршена, имплементацијата останува слаба, а за првпат во 2019 година се воведе посебна алокација на финансии за подобрување на квалитетот на воздухот во државниот буџет,  што е загрижувачки доцна, со оглед на тоа што секоја година одново и одново има илјадници жртви во државата поради загадувањето на воздухот. Недостатокот на административни и финансиски средства сè уште се главната пречка за воведување мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Повторно се истакнува нивото на аерозагадување кое е загрижувачки високо во поголемите градови, како и недоволната техничка и финансиска поддршка за националната мрежа за следење на квалитетот на воздухот која резултираше со неколку прекини.

Information was sourced using live data by the UN and IQAir at 12.50pm (AEST) on February 10. Image: TND; The Daily News

За истражувањето на Радио Слободна Европа од јули 2020 година, Министерството за животна средина и просторно планирање вели дека во земјава сериозен проблем е загадувањето со ПМ10 честичките, притоа посочувајќи го горенаведениот План за чист воздух за прв пат кон прашањето се пристапува со посебен буџет за спроведување на мерки во континуитет.

И покрај овие изјави, во октомври, 2020, нема видливи промени во загадувањето на воздухот во државата. На 22 октомври, 2020, Белград, Приштина, Сараево, Скопје, Софија и Загреб беа меѓу 50-те градови со најзагаден воздух според AirVisual. Индексот за квалитет на воздухот (AQI) за повеќето градови достигна опсег од 100 до 150 поени во текот на денот.

Извештаите на Европската агенција за животна средина покажуваат дека Македонија во однос на аерозагадувањето е најлошо рангирана во Европа, а пак забележан е најзагаден воздух во поголемите градови. Дополнителен загрижувачки податок доаѓа и од Светската здравствена организација (СЗО), која констатираше дека аерозагадувањето во земјава е главен причинител за над 1.300 смртни случаи годишно и зголемен број на лица со респираторни заболувања. За жал, квалитетот на воздухот зависи од временската прогноза секој ден (температура, ветер, дожд итн.), а не и од мерките кои се преземаат за намалување на загадувањето на воздухот.

IQAIR

Корелацијата помеѓу загадувањетo на воздухот и  КОВИД-19

Според Европската алијанса за јавно здравство, силната корелација помеѓу загадувањето на воздухот и КОВИД-19 може да се објасни со негативното влијание врз имунолошкиот систем. Ова беше докажано и за други болести, а најверојатно тоа е случај и со КОВИД-19. Ефектот важеше не само за нивото на загадување во моментот на избувнувањето, туку и за нивото во текот на претходните години, што укажува на тоа дека претходното изложување веројатно ја загрозило способноста на луѓето да се борат против болеста.

Студија на Универзитетот Харвард покажува дека зголемувањето на само еден микрограм на метар кубен на ПМ 2,5 – опасни ситни загадувачи во воздухот – е поврзано со 8% зголемување на стапката на смртност кај Ковид-19. Друга студија на научници од Универзитетот Кембриџ во Велика Британија, исто така, открила врска помеѓу сериозноста на вирусот Ковид-19 и долгорочното изложување на загадувачи на воздухот, вклучувајќи азотни оксиди и озон од издувните гасови на автомобилите или согорување на фосилни горива.

Претходни студии сугерираа дека лицата постари од 60 години или со основни здравствени состојби, вклучувајќи кардиоваскуларни болести, дијабетес, хронични респираторни заболувања и карцином, се изложени на најголем ризик од тешка болест или смрт. Долготрајната изложеност на загадувачи на воздухот, вклучително и азотни оксиди и озон на ниво на земја од издувните гасови на автомобилите или согорувањето на фосилни горива, е познат фактор на ризик за овие здравствени состојби. Таквите загадувачи исто така можат да предизвикаат постојан инфламаторен одговор и да го зголемат ризикот од инфекција од вируси кои се насочени кон респираторниот тракт.