Ангелов: Пожарот во поранешната фабрика „Македонија Табак“ во Тетово е под целосна контрола

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, за време на неговото гостување во Утрински Брифинг изјави дека пожарот во близина на поранешната фабрика „Македонија Табак“ на излезот од Тетово е целосно изгаснат.

Во моментов има слаб чад во околината. Во локализирањето на пожарот интервенирааа 150 пожарникари од противпожарните единици од Тетово, Скопје, Куманово, Гостивар, Кавадарци, армискиот и полицискиот хеликоптер, како и група граѓани од Тетово.

“Наместо да правиме проценка, дојде тим на АРСМ со опрема која е донација од САД и извршија мерење. Чад имаше, но немаше отровни материи. Нивната опрема може да детектира отровни испарувања. Немаше отровни материи кои настануваат од пожар. Јас бев во Тетово до вечарта во близина на пожарот, а утрово сум со вас, не сум отруен и се чувствувам добро. Граѓаните треба да бидат спокојни, нема никаква опасност по нивното здравје.“

„Очекуваме во текот на наредните неколку часа пожарот да биде сосема изгаснат. Овој црн чад не е показател за силината на горење, односно сега пламенот е многу послаб, температурата е падната за разлика од она што се случуваше во текот на денот“, изјави Ангелов.