Влијанието на климатските промени врз смртоносните поплави во Германија
Новата студија на World Weather Attribution сугерира дека екстремните настани предизвикани од поплавувањето на европските градови ќе станат почести во Западна Европа.
Вонредните врнежи од дожд како оние што беа одговорни за смртоносните поплави во Западна Европа минатиот месец стануваат се почести и поинтензивни, како резултат на климатските промени. Ова е заклучокот од студијата спроведена од истражувачи вклучени во иницијативата World Weather Attribution, во која е направена проценка дали глобалното затоплување е фактор во екстремните временски настани.
Истражувањето додава на растечката листа на таканаречените студии за атрибуција кои ги демонстрираат моменталните влијанија на климатските промени предизвикани од човекот. „Ова се случи во Германија, која не се смета за особено ранлива кон климатските промени во споредба со повеќето земји во светот“, вели Ралф Туми, климатски научник на Империјал колеџ во Лондон, кој не беше вклучен во истражувањето. „Тоа ни покажува дека никаде не е навистина безбедно, додека траат наглите промени и екстремните временски услови.“
Тешките поплави во средината на јули, во кои загинаа најмалку 220 луѓе во Германија и Белгија, следеа по дводневниот силен дожд што предизвика излевање на коритата на неколку реки во регионот. Најлошо погодените области беа околу реките Ахр и Ерфт во Германија и Меус во Белгија, кои доживеаја најмногу врнежи од дожд во период од 24-48 часа од почетокот на сезоната.
Поплавите ги оштетија мерните станици што научниците вообичаено ги користат за да соберат податоци за нивото на водата, така што студијата наместо се потпира на новите податоци за да го проучи влијанието на климатските промени.
Истражувачите ги преточија резултатите во модели кои ги комбинираа историските податоци за времето и врнежите со климатски симулации за поширокиот регион. Моделите сугерираа дека климатските промени предизвикани од човекот го зголемија интензитетот на врнежите од такви бури за 3–19%, во однос на прединдустриската клима која беше 1,2 ºC постудена од денешната.
Тие, исто така, проценија дека слични настани сега може да се очекуваат во кој било дел од Западна Европа, еднаш на секои 400 години. „Веројатноста да се случи ваков настан денес во споредба со постудената клима од 1,2 ºC се зголеми за 1,2 до 9 фактори“, пишуваат авторите во дел од студијата објавен на веб-страницата на World Weather Attribution.
Сјукjе Филип, истражувачка во холандскиот метеоролошки институт во Де Билт и коавторка на студијата, вели дека е тешко да се анализира влијанието на климатските промени врз обилните врнежи на локално ниво. „Но, успеавме да покажеме дека во Западна Европа, емисиите на стакленички гасови придонесуваат на зголемување на бројот на поплави низ Западна Европа“, изјави Филип.