Дивоградби кои ги кренаа на нозе жителите во Општина Аеродром

По истражувачката сторија на „25 Минути“ во февруари годинава, кога неколку жители не контактираа за дивоградба во зграда на улицата, било како да ја именувате, Методија Шаторов Шарло или Руди Чаевец, станарите добија Решение од страна на Општина Аеродром за рушење на дивоградбата.

Такво Решение доби и Тања Станчевска Мучова по чие сведочење во истата емисија, ја потсети Општината дека итно е неопходен градежен инспектор кој ќе направи увид во дивоградба направена врз конструкцијата на станот на Мучеви. Но, сега се јавува друг проблем, кој и кога ќе постапи по Решението на инспекторот?

Гости во 25 минути се Тања Станчевска Мучова, жител на општина Аеродром, архитектот и член на Академијата на архитекти при Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Бато Радоњиќ, и од Копенхаген – Никола Ѓорѓиевски, архитект и истражувач на Школата за архитектура во Архус, Данска.