Додека беснее војната во Украина, се разгорува пропагандната војна на Русија
Во време на војна во Украина, руската пропаганда и западната информациска битка за вистината станаа составен дел од македонскиот медиумски простор. Подемот на сензационализмот и лажните вести се во пораст, а јавните гласила се соочуваат со потешкотии како на граѓаните да ја пренесат вистината. „25 минути“ истражува дали државата има капацитет да го спречи продорот на руската пропаганда и дезинформациите, но и колку се можностите да се подобри отпорноста од ширењето на лаги и невистини во јавноста.
Војна со зборови, лаги и дезинформации наспроти онаа со тенкови, куршуми и гранати од боиштата во Украина. Вака накратко домашните експерти ја опишуваат загрижувачката состојба со руската пропаганда на социјалните мрежи и медиумскиот простор во земјава откако се зголемија тензиите меѓу Москва и Западот за случувањата во поранешната советска република.
Гости во 25 минути оваа недела се професор Сеад Џигал, комуниколог, Владимир Петревски од Метаморфозис, Биљана Петковска, директорка на МИМ, и од Лондон, Велика Британија, Марк Лејти, консултант за медиуми и поранешен портпарол на генералниот секретар на НАТО.