Забава по повод Меѓународниот ден на младите

По повод одбележување на Меѓународниот ден на младите (12 август), а воедно и затворање на неделата на млади, Националниот младински совет на Македонија и Агенцијата за млади и спорт, организираат Забава по повод Меѓународниот ден на младите во Public Room.

Неделата на млади претставува серија на настани организирани од Агенцијата за млади и спорт, во соработка со Националниот младински совет на Македонија, младинскиот сектор и меѓународните партнери во периодот 8-12 август. Настаните имаат за цел да обезбедат гласот на младите да биде слушнат, и истите а се вклучат како активни чинители во креирање на процеси кои се важни за нив. Настаните вклучуваат неформална средба со млади и младински организации со нјава за почетокот на процесот за креирање на нова Национална стратегија за млади (8 август), младинска конференција (11 август), и церемонија за доделување на Наградата за младинско учество (12 август).

Во наредниот период АМС во партнерство со Владата, релевантните институции за млади, формите на младинско организирање и Советот за млади ќе работи на креирање на нова Стратегија за млади, согласно Законот за младинско учество и младински политики.

Неформалната забава ќе го одбележи крајот на Неделата на млади, и истата ќе се одржи на 12 август (петок), со почеток во 20:30 часот во Public Room, а за атмосферата ќе се погрижат:

Visionary Records
Ana Petan Band
Црно собрание.j
DJ FICO.