За прв пат жените уметници се мнозинство на Биеналето во Венеција

На овогодинешното издание на Венециското биенале ќе бидат претставени 213 уметници, меѓу кои само 21 маж, пишува Артнет. Тоа е прв пат во историјата на овој настан жените да се мнозинство, а главната тема е да се доведе во прашање социјалната доминација на мажите и да се разгледаат односите меѓу луѓето, технологијата и другите форми на живот на Земјата.

Изложбата ќе биде насловена “The Milk of Dreams” според книгата на Леонора Карингтон, во која уметникот опишува магичен свет кој постојано се преобликува со помош на имагинација. Во тој свет секој може да се промени, трансформира, да стане нешто или некој друг. „Таков свет е ослободен, полн со можности“, објасни кустосот Сесилија Алемани.

На Биеналето ќе учествуваат етаблирани уметници, но и членови на помладата генерација од дури 58 земји, меѓу кои и оние кои досега немале можност да бидат претставени: Камерун, Намибија, Непал, Оман и Уганда, додека Казахстан, Киргистан и Узбекистан ќе имаат свои национални павилјони. Меѓу хрватските уметници ќе биде и Дора Будор, која со години живее и работи во Њујорк.

Изложбата ќе има три главни испреплетени теми: претставување на телата и нивната метаморфоза, односот помеѓу поединецот и технологијата и врската помеѓу телото и земјата.

„Светот денес изгледа длабоко поделен помеѓу технолошкиот оптимизам – кој го носи ветувањето за усовршување на телото преку науката – и стравот од преземање контрола врз човечкиот живот со автоматизација и вештачка интелигенција. Тој јаз само се продлабочи за време на пандемијата со КОВИД-19, која не оддалечи еден од друг, заробувајќи голем дел од човечката интеракција зад екраните на електронските уреди“, се вели во објаснувањето на темата.

„Притисокот на технологијата, зголемените тензии во општеството и одредени еколошки катастрофи секојдневно нè потсетуваат дека сме смртни (затоа не сме непобедливи или самодоволни) и дека сме дел од симбиотска мрежа на интероперабилност што не поврзува едни со други.“

Биеналето се отвора на 23 април и ќе трае до ноември 2022 година. Сите информации околу програмата се достапни на официјалната веб-страница.

Source Vox Feminae