Здружение ХОУП: Да им дадеме надеж на лицата со афазија

Здружението на жени менаџерки „Елитки“ на својата последна трибина одржана на 09.10.2023 на тема „Енергизирај за да водиш, поттикни за да успееш“ активно се вклучи во поддршката на Здружението ХОУП.

Претседателка на ХОУП е адвокатката Мирјана Марковска, која успешно се бори со оваа состојба, која кај неа се појавила како последица на мозочен удар. Марковска преку ХОУП сака да им помогне и на другите луѓе да се здружат, да комуницираат и да си помогнат меѓусебно. 

Марковска го основа здружението ХОУП чија цел е да ја подигне свеста за афазија. ХОУП е надеж и помош за сите кои се соочуваат со афазијата, но и Здружение кое активно работи на препознавање и превенција на здравствени состојби кои може да доведат до афазија.

Афазијата не е болест, туку е состојба или последица на мозочни нарушувања. Афазијата (не нужно) може да ја следат и други нарушувања на мозочните функции: помнење, перцепција, волеви движења. 

Мисијата на ХОУП е да ги интегрира сите овие сегменти за да им го отвори патот на лицата со афазија и нивните најблиски, тие полесно да стигнат до целта како победници.

Марковска апелира да се охрабрат и да веруваат. ХОУП е надеж и помош за сите кои имаат афазија да си помогнат меѓусебно  на индивидуален план, но и на општа превенција и рехабилитација.

Член на Здружение ХОУП може да биде секое заинтересирано лице кое доброволно и слободно сака да пристапи во членство.

Посетете ја официјалната веб страна на ХОУП и нивните Инстаграм, Фејсбук и ЈуТјуб страници за да дознаете повеќе за нив.