И виртуелното е витално: Платформа за поврзување и подобрување на квалитетот на животот на постарите
„И виртуелното е витално“ е регионален проект кој цели да ги поврзе и активира лицата во трето животно доба во Македонија и во регионот. Идејата позади овој проект е да се подобри психо-физичката здравствена состојба на постарите лица во Северна Македонија, Босна и Херцеговина, и Србија.
Мрежата „И виртуелното е витално“ е дел од проектот „Одржливо зајакнување на локалните здравствени системи на Западен Балкан“, финансиран од Министерството за социјални прашања на Австрија, главниот имплементатор Hilfswerk International заедно со своите регионални партнери на проектот, меѓу кои е и Македонско Здружение за поддршка и развој „Хуманост“.
Активните корисници и партнери на проектот, домовите за стари лица, дневните центри, и други независни организации кои се занимаваат со подобрување на животот на постарите граѓани на Босна и Херцеговина, Србија и Северна Македонија, три пати неделно имаат можност да учествуваат во креирање и следење на различни сесии во склоп на три посебни програми: превентивно-корективна гимнастика (со цел подобрување на физичкото здравје и мобилност), креативни работилници (со цел стекнување нови вештини и изразување на креативноста преку создавање на индивидуални дела) и советување (организирано во форма на тематски предавања одржани од еминентни експерти од областа на здравствениот систем на регионално ниво).
Проектот е создаден со цел да придонесе за систем кој ќе го подобри статусот и квалитетот на живот на старите лица, во рамки на прогласената „Декада на здраво стареење“ за периодот 2020-2030 година, која воедно е и апел до сите земји од светот да преземат заеднички активности за подобрување на животот на постарите лица.
Преку проектот беа направени 3 сеопфатни студии во секоја од трите земји учеснички, кои го прикажуваат моменталниот статус на негувателите како и тековните политики за препознавање на нивната професија, преку анализа на постоечките структури и правни основи за секоја поединечна земја.
Преку размена на знаења, искуства и студиско мапирање на актуелната состојба за прашањето и положбата на статусот на негувателите, беа одредени добри практики и примери на позитивни политики преку избор на препораки и насоки за ефективен одговор на проблемите со кои се соочува секоја од земјите.
Исто така, со цел да се обезбеди стручен кадар кој во иднина ќе биде подготвен да одговори на потребите на старите лица во домовите, спроведена е сертифицирана едукација на учесниците во траење од 434 часа, креирана и пренесена врз основа на австриската програма за обука на негуватели. Обуката вклучуваше теоретски и практичен дел и се очекува да резултира со 25 обучени негувателки во Босна и Херцеговина и Северна Македонија.
На овој начин, организациите и земјите вклучени во проектот во иднина ќе имаат квалитетни основи за развој, обучен персонал за работа и експерти собрани од проектот за застапување политики и укажување на важноста од професионализација на статусот на згрижувачите и, воопшто, важноста на мобилната грижа, која само систематски, транспарентно и структурирано ќе може да одговори на потребите на се поголем број стари лица, кој расте на регионално и глобално ниво.
Лицата кои живеат во домови за стари лица, како и сите останати заинтересирани граѓани на трите земји од регионот, можат активно да ги следат сесиите во живо преку онлајн платформата Zoom, или да ги проследат видео снимките на сесиите на YouTube .
Останатите активности и новости во врска со мрежата „И виртуелното е витално“ можете да ги следите на Facebook. За дополнителни прашања, јавете се на: +387 60 333 34 65
Активни учесници во проектот се тимовите на проектните партнери: Здружение за помош и развој ХАЈДЕ (БиХ), Здружение за поддршка и развој на хуманоста (Скопје, Северна Македонија) и Партнерство за јавно здравје (БиХ), заедно со придружните партнери: ЈУ „Центар за социјални рад“ (Бања Лука, Босна и Херцеговина), Заводот за социјална заштита Геронтолошки центар „Нови Сад“ (Нови Сад, Србија), Домот за ментално болни лица „1.октобар“ (Стари Лец, Србија) и Институцијата за социјална заштита Хилфсверк Куќи за поддршка (Сараево, Босна и Херцеговина), под раководство на имплементатор и координатор на проектот Хилфсверк Интернешнл, ќе продолжат да работат на зголемување на бројот на корисници на споменатите активности и размена на искуства и знаења со целта за подобрување на здравствените системи во Западен Балкан.