25 минути: Градежната мафија царува во Општина Аеродром

Законот за дивоградби изминатите неколку години неколу пати се наоѓаше пред пратениците, се повлекуваше па повторно се враќаше на гласање, што наидуваше на критики од експертите во градежништвото, но и од страна на архитектите.

Последниот извештај на Државниот завод за статистика кој се однесува за 2021 година, утврдува дека на територијата на Македонија, биле регистрирани 739 бесправно изградени објекти.

Навидум мал градежен зафат ги крена станарите од Јане Сандански број 118 на бунт против општината, бидејќи како што велат не знаат кој е инвеститорот, а градежните активности ги започнал нов комшија без да побара согласност од станарите, загрозувајќи ја нивната безбедност.

Гости во 25 минути се Елена Ѓошевска од Општина Аеродром, Никола Ѓоргиевски, истражувач и архитект од Универзитетот во Архус, Данска, Тања Станчевска Мучова и Љупче Секуловски, станари чии станови во Аеродром се узурпирани.