Веројатно ќе има значително зголемување на бројот на тужби покренати против компании за фосилни горива во следните години, велат истражувачите.
Новото истражување открива дека до сега, адвокатите не успеале да ги користат најсовремените научни докази за причината за зголемувањето на температурите.
Како резултат, имаше неколку успешни побарувања за надомест на штета. Тоа може да се промени, велат авторите на истражувањето, бидејќи доказите што ги поврзуваат специфичните временски настани со емисиите на јаглерод се зголемуваат.
Досега, околу 1.500 тужби поврзани со климатските промени се покренати пред судовите ширум светот.
Имаше забележителни успеси за еколошките групи, како на пример во неодамнешниот случај против Шел, изнесен пред граѓански суд во Холандија. Судијата пресуди дека, до 2030 година, компанијата мора да ги намали емисиите на СО2 за 45% во споредба со нивоата во 2019 година.
Пресудата исто така посочи дека групацијата Шел е одговорна за сопствените емисии на СО2 и за своите добавувачи. Сепак, имало неколку успеси во случаи кога тужителите барале надомест на штета предизвикана од климатските промени поврзани со човековата активност.
Оваа нова студија процени околу 73 тужби низ 14 јурисдикции и вели дека доказите презентирани пред судовите значително заостануваат зад најновите истражувања за климата.
Во текот на изминатите две децении, научниците се обидоа да ги демонстрираат врските помеѓу екстремните временски прилики и климатските промени, кои пак се поврзани со човечки активности, како што се производство на енергија и транспорт. Овие студии, наречени атрибуција, станаа поцврсти со текот на годините.
На пример, истражувачите успеаја да покажат дека климатските промени поврзани со човечките активности го направија европскиот летен топлотен бран во 2019 година поинтензивен.
Неодамнешна студија за ураганот Сенди – смртоносна бура што предизвика хаос од Карибите до Њујорк во 2012 година, покажа дека климатските промени се одговорни за околу 13% од загубите од 62 милијарди долари предизвикани од ураганот.
Ако се собираат и анализираат докази како горенаведениот кој беше прикажан пред судските органи, велат авторите на студијата, би било полесно да се докаже каузалноста и притоа да се дојде до успешен исход за барањата за компензација.
„И покрај јасната улога на доказите за атрибуција во овие судски процеси, откривме дека доставените докази во овие случаи сè уште заостануваат значително зад најнапредната наука за климата и климатските промени“, рече Руперт Стјуарт-Смит, координатор на студијата автор и докторанд на Универзитетот во Оксфорд.