Колку Македонија е подготвена за воени кризи?

Случајот со паѓањето на беспилотното воено летало – дрон во Хрватска покажа дека иако земјата е членка на НАТО, сепак се можни пропусти и инциденти. „25 Минути“ истражува колку македонското небо е заштитено од вакви евентуални закани, каква е состојбата со скривниците за засолнување на граѓаните во случаи на катастрофи и воздушна опасност, но и дали постои ефективен институционален план за заштита на граѓаните во вонредни ситуации.

Војната во Украина неминовно го наметна прашањето колку граѓаните се запознаени со состојбата со скривниците, дали воопшто знаат каде се лоцирани и дали се во функција.

Надлежната институција за скривниците, Дирекцијата за заштита и спасување, на барањето на „25 минути“ да ни каже колку скривници има и во каква состојба се тие, не ни одговори, ниту пак дозволи да снимиме една од нив.

Гости во новото издание на 25 Минути се Стојанче Ангелов – директор на Центарот за управување со кризи, Милан Стефановски политиколог, Марко Панковски – Институт за демократија “Societas Civilis” и Дејан Ѓоршоски од Ротердам, Холандија.