Во рамки на независниот проект Критичко преиспитување на правото, оваа среда на 27 октомври, со почеток од 19.00 часот, во Музеј на современа уметност, ќе се одржи јавно предавање со наслов Рабови на историјата: Медитеранот како лабораторија на модерноста, од страна на Ијан Чејмберс.
Во последниот творечки период, Ијан Чејмберс со интердисциплинарен и интеркултурен приод активно работи на популарните музика и култура (metropolitan cultures). Последно освежување по оваа истражувачка линија е серијата на пост-колонијални анализи на облиците на модерниот Медитеран. Помеѓу неговите последни текстови се Mediterranean Crossings. The Politics of an Interrupted Modernity (2008), Postcolonial Interruptions, Unauthorised Modernities (2017), Mediterraneo Blues (2020), и со Марта Кариело La Questione Mediterranea (2019). По пензионирањето од Ориентале Универзитето во Неапол, Италија, каде што бил ангажиран на повеќе предмети во областа на Културни студии, сега работи како независен автор и критичар, а активен е и на својот блог.
Во своето илустративно предавање со наслов Рабови на историјата: Медитеранот како лабораторија на модерноста, Ијан Чејмберс ќе се обиде да предложи поинакво доживување на Медитеранот (и модерноста), такво кое се измолкнува на западното оградување. Преку однос кон мапите, и правото да се објасни и дефинира како пракси на моќ, Чејмберс сугерира дека историите и културите впишани во современите мигрантски тела реотвараат збир на архиви кои укажуваат на колонијалното востоличување на сегашноста. Бележејќи преку музика и визуелна уметност како форми на критички јазик, предавањето ќе се се одвива по линии на распуштање на разбирањето за Медитеранот, со ултимативно барање смисла преку доближување до Балканот, денес.
Настанот ќе се одржи со несебичната поддршка од страна на Хотел парк, Музеј на современа уметност и Коалиција Маргини.
За време на настанот, ќе се почитуваат протоколите за заштита од Ковид 19.