Одеса, Украина: Руски проектил погоди станбена зграда, загинати се најмалку 17 лица

Во раните утрински часови, руски проектил погоди деветкатна станбена зграда во украинското пристаниште Одеса, при што загинаа најмалку 17 лица, а десетици се повредени, соопштија локалните власти.

„Еден проектил погодил зграда во градот Билхород-Днистровски, а предизвикал пожар во продавница до зградата”, соопштија од украинското Министерство за вонредни ситуации.

Портпаролот на регионалната администрација, Сергеј Братчук, изјави дека веднаш започнала акција за спасување, поради тоа што некои лица останале затрупани под урнатините на зградата.

„Друг проектил го погоди одморалиштето, при што загинаа најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, а едно лице е рането”, изјави Братчук.

Украински воен лидер во четвртокот изјави дека бројот на руски ракетни напади врз Украина се зголемил повеќе од двојно во последните две недели. Бригадниот генерал Олексиј Хромов процени дека биле погодени 68 цивилни локации и тврди дека Москва користела фалични ракети од советската ера за повеќе од половина од нападите.

Русија, која ја започна својата целосна инвазија на Украина на 24 февруари, негира дека цели на цивили и вели дека ја погодува само воената инфраструктура.

Последните напади доаѓаат еден ден откако Русија ги повлече своите трупи од стратешки важниот Змиски остров во Црното Море, во она што Министерството за одбрана во Москва го опиша како „гест на добра волја“ со цел да се олесни извозот на жито од Украина. Украинската војска, која немилосрдно ги бомбардираше руските сили на островот, рече дека Русите биле принудени да излезат, бегајќи со два глисери.

Source Ukrinform Euronews