Повик за учество на обука за врснички едукатори

ХЕРА, во рамките на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО), објавува повик за врснички едукаторки и едукатори.

Обуката опфаќа:

  • Прв дел: тридневна обука за теоретско запознавање со седумте компоненти на ССО: род, врски и односи, сексуалност, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, насилство и тело и сликата за телото. Овој дел ќе се одржи од 9 до 11 август, со тоа што на 9 август обуката ќе се одвива онлајн, а останатите два дена со физичко присуство во Скопје.
  • Втор дел: тридневна обука за спроведување на работилници и процес на акредитација на врсничките едукатори. Овој дел ќе се одржи од 27 до 29 август во Охрид.
  • Сите учесници кои ќе ја поминат акредитацијата, ќе станат сертифицирани едукатори и едукаторки на ХЕРА и ќе имаат можност да спроведуваат едукации на млади во текот на 2021година. 

Бројот на учесници е ограничен. Трошоците за сместување и превоз за двата дела од обуката се покриени од страна на ХЕРА. За првиот дел од обуката, ова важи само за учесниците со живеалиште надвор од Скопје.

Ги покануваме да се пријават сите млади кои се:

  • на возраст од 16 до 23 години,
  • мотивирани да водат работилници за едукација на врсници,
  • имаат основни познавања за сексуалното и репродуктивното здравје и права,
  • сакаат да работат во тим и знаат да исполнуваат задачи навреме.

Пожелно е заинтересираните да:

  • имаат волонтерско и активистичко искуство поврзано со човековите права и/или
  • да се студент(к)и на институтите за род, психологија, филозофија или социјална работа, Медицинскиот факултет, Правниот факултет и слично.

Заинтересираните треба да испратат:

  • Кратка биографија во која ќе го наведат своето претходно волонтерско и активистичкоискуство, обуки за човекови права или зa сексуално и репродуктивно здравје,
  • Писмо во кое ќе ја изразат својата мотивација зошто сакаат да бидат врснички едукатори и едукаторки (најмногу 500 зборови) и
  • Информации за контакт (телефонски број и е-адреса).

Сите документи со назнака/предмет на пораката Повик за обука на врснички едукатори треба да се испратат електронски на seksualnoobrazovanie@hera.org.mk најдоцна до 2 август 2021 година, до 18 часот. Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор, е можно да бидат повикани на разговор.