Преку глава ми е да ме прашуваат дали жалам што немам деца

„Дали има дел од вас што жали што има деца?“

Морав ова прашање да и го поставам на жена, постара од мене, која, како и многу други мрчаторки пред неа низ годините, сметаше дека прашањето деца дали жали што нема деца упатено на жена без деца е соодветна тема на разговор за вечера.

„Да, секако“, рече таа.

„Леле, тоа звучи како ужасен внатрешен конфликт со кој треба да се живее“, реков. „Мило ми е што не е нешто на кое некогаш ќе треба да помислувам.

Таа се вознемири, малку изненадена од мојот одговор.

Но, не беше запрепастена што ми поставува такво лично прашање на јавен собир, прашање на кое некои луѓе, особено за време на празниците, му се особено наклонети.

Mи беше, ќе признаам, апсолутно преку глава од слушање на ова прашање и учтиво одговарање, па затоа прибегнав кон реторика која некои луѓе можеби ќе ја оценат како детинеста.

Кога ќе помислите, фасцинацијата што ја имаат некои луѓе со приватниот живот на другите луѓе е бизарна. Тоа е исто како да се грижите за тоа што јадел некој непознат странец од другата страна на светот за вечера, како да неговиот избор влијае на вашата способност да живете. Без разлика дали станува збор за сексуални преференции, родов идентитет, статус на брак, стилови на родителство или длабоко личен избор на која било друга личност: тоа нема никаква врска со вас, О Вие, душегрижници.

А сепак, жените кои избираат да немаат деца предизвикуваат реакции кај некои луѓе – како независна, професионална жена од скоро 40 години, стотици пати сум била исправена пред тоа прашање, кое навистина некогаш разбеснува.

Бидејќи моите лични избори направија толку многу други луѓе да ми се налутат, или да ја занемарат и најосновната пристојност поставувајќи лични прашања на странци, поминав доста време размислувајќи зошто е тоа така. Ова се моите теории:

Мислам дека жената што не сака деца е за некои луѓе, на несвесно ниво, егзистенцијална закана. Мислам дека ова прави некои луѓе во своите рептилски мозоци да заклучат дека човечката раса ќе изумре; ако сите жени не раѓаат деца, тоа ќе ни биде крајот. Ако станете аватар на ова нешто застрашувачко сценарио, некои луѓе ќе ви се налутат!

Друга причина, како што илустрираше жената на вечера, е едноставното незадоволство во перцепцијата дека некои жени – оние без деца – ја избегнале одговорност која ним им тежи.

Не се сомневам дека растењето деца е неверојатно, неверојатно тешко. Влијанието врз вашите интимни односи; недостаток на сон; финансиски товар; огромниот број на детски роденденски забави на кои мора да присуствувате дури и кога на малите славеници воопшто не им е грижа дали сте таму или не. Ништо од ова не звучи лесно. Всушност, звучи како пекол што не би можела да го преживеам.

Восхитена сум од сите мои пријатели со деца, од прекрасните мали чудаци што ги воспитуваат, чии разговори никогаш нема да се заморам да ги слушам, („Дали знаеш дека имам бебе во себе?“ Не! ”„ Тоа е еднорог бебе. “„ Во стомакот? “„ Да. “„ Ох. “) и чии игри нема да престанам да ги играм. Јас сум многу среќна што овие среќни, сакани, самоуверени и радосни мали луѓе постојат, и ќе растат низ живот полн богати избор што ќе им донесе радост, љубов, емпатија и екстатични искуства и на други возрасни луѓе што ќе ги сретнат.

Ништо од ова не значи дека јас ќе го сторам тоа.

Моите причини се сложени и длабоко промислени во тек на многу долг временски период – всушност, години. Тие се исто така апсолутно приватни, освен за еден најблизок круг на луѓе.

“Кому му е гајле?” вели мојата терапевтка за сето ова. Квир, постара жена без деца, совршена личност со која можев да разговарам како  цис-хетеро жена без деца и брак. Сепак, таа не го мислеше тоа реторички. Се обидуваше да ми помогне да прецизирам кој е тој за кој мислев дека ме осудува за моите избори, тежина која стана некаков вид на бавно дробење, задушувачко чувство што не можев прецизно да го опишам, но е заедничко за секоја жена без деца што била ставена на позиција да ги правда своите избори – нешто на што мажите без деца ретко се подложени.

„За кого конкретно во вашиот живот зборувате? Кои се тие?” Жената на трпезата? Не ја познавав добро, нејзиното мислење не ми беше важно, но нејзиното прашање сепак беше инвазивно до тој степен што ме налути.

Отидовме малку подалеку во ова, додека мојата терапевтка ме водеше кон просветлението кое им го понудила на многу други луѓе претходно, како отворање врата во вашиот дом кон сосема нова просторија за која никогаш не сте знаеле дека постои: „Не е тоа некое конкретно лице, не е  дури ниту „општеството“, нели? “ ме праша таа. “Тоа си ти.” Сите ние до одреден степен го интернализираме она што го мислат за нас. Сосема непотребен начин да донесеме несреќа во нашите животи со тоа што постојано ќе се двоумиме околу самите себеси.

„Кога луѓето ни судат, тоа помалку зборува за нас, а повеќе за нив и за тоа како тие се чувствуваат во однос на самите себеси“, рече таа, пред да се претвори во топка чиста светлина и да се втопи во потполна етеричниот, оставајќи ме во олеснување да се движам низ остатокот од мојот живот.

Постојат многу причини зошто некое лице можеби нема деца, колку што има луѓе кои одбираат дали да имаат или немаат. За некои, тоа е прашање на слободен избор. За другите тоа ќе биде најболната точка во нивните животи, одлука донесена без нивна контрола. Да се разгори таквата болка, без разлика колку се добри нечии намери, е крајно вознемирувачко. Можеби би можеле конечно да дојдеме до констатација дека има безброј начини да се живее надвор од хетеронормативната двојка и сепак да се биде ценет член на општеството. На крајот на краиштата, кога станува збор за изборот на другите луѓе, почекајте самите да го внесат тоа во разговорот.

Деца или не? Кому му е гајле.
Во брак или не? Кому му е гајле.

Во бесконечна, оргијастичка баханалија на немоногамија? Кому му е гајле.

Луѓето ќе продолжат да имаат деца, додека некои од нас нема. Човештвото ќе продолжи. Пандемијата, верувам, ќе заврши. Или ќе ги преживееме климатските промени или не (мора да веруваме дека ќе). Ќе умреме. Градовите ќе растат и паѓаат. Ерозијата ќе ги стопи Хималаите. На цивилизацијата ќе и дојде крајот и смртта на универзумот ќе го запре времето.

Имајќи го предвид ова, одете и правете сè што ве прави среќни (плаќаме многу пари во терапијата за да ни кажат нешто што е така очигледно), без притисоци. Без оглед што е тоа, ќе им донесе, преку вас, голема радост и на луѓето во вашиот живот. Што и да е тоа, за вас или за нив, тоа не е ничија работа. Само бидете силна подршка едни за други и ако ви помогне, препратете го овој текст на онаа личност која едноставно нема да престане да ви поставува прашува вам или на други жени без деца. Што е до мене, никогаш повеќе нема да размислувам за тоа.

И не треба ни вие.

Елмо Чувај

превод: Лени Фрчкоска

Source The Guardian