Протест на Асоцијацијата за цистична фиброза

Денеска се одржа протест пред Министерството за здравство предводен од активисти во Асоцијацијата за цистична фиброза и нивни подржувачи.

Активистите побараа од надлежните да го набават лекот Трикафта кој ќе им ја олесни состојбата на лицата со цистична фиброза и ќе им го подобри квалитетот на животот.

Фото: Еда Старова

Протестот симболично напладне, предводен од Претседателката на Асоцијацијата Ивана Атанасоска. Атанасоска и директорката на Клиниката за детски болести, професор Стојка Фуштиќ, беа примени на средба во Министерството за здравство.

Фуштиќ изјави дека постои секојдневна терапија, но не и новиот лек Трикафта, бидејќи терапијата била многу скапа.

Активистите од Асоцијацијата изјавија дека ниту една институција не им дала позитивен одговор ниту пак решение за ситуацијата, нагласувајќи дека станува збор за прогресивна и сериозна здравствена состојба која наеднаш може да се влоши.

На протестот се нагласи дека кога се работи за подобрување на животите на загрозена категорија на граѓани, не треба да биде прашање дали има или нема финансиски можности да се набави соодветна терапија. Тие додадоа дела Трикафта се користи и континуирано се применува во цела САД и Европа, и значително ги намалува симптомите кај лицата со цистична фиброза.